Кога сме кај прогнозирањето на распоредот на силите во Формула 1 Шампионатот, добра слика може да ни дадат коефициентите на светски познатите обложувалници. Ние како показател за пример ќе ги користиме квотите на BWIN.
Најреални шанси за поголема добивка се слободните тренинг сесии чии коефициенти се прикажани на следната фотографија. Не би требало Ветел или пак Хамилтон да го бркаат врвот на табелите во петок!!!
Наша прогноза: Валтери Ботас(9).
Најголеми шанси за 2019 Шампионската Титула се дава на Мерцедес АМГ!!!
Најголеми шанси за 2019 Шампионската Титула се дава на Луис Хамилтон!!!
Наша прогноза: Луис Хамилтон(2.4) и Себастијан Ветел(2.6) па во двата случаи сте во некоја добивка...
За разлика од прогнозите за крајот на шампионатот за трката во Австралија фаворити се Ферари...
Кога сме кај прогнозите за тоа кој возач ќе го забележи најбрзиот круг и тука има пореални шанси за поголема добивка. Фаворитите не би ризикувале да го форсираат својот болид за еден поен при финишот на трката... Се разбира зависи од тоа на кое место се во моментот... Наша прогноза: Даниел Рикиардо(34).
За освојување на Пол позицијата како фаворит се истакнува Себастијан Ветел со Ферари. И овде би можело да се типува на двајцата возачи Хамилтон и Ветел.
За Победа на неделната трка, Германецот е уште поголем фаворит. Сепак, се е релативно и ќе видиме како ќе се движат коефициентите по завршување на првите тренинг сесии!!!
ФАВОРИТИ СПОРЕД ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ
3/14/2019 07:27:00 PM
0
Share to other apps