Својата кариера во Формула 1 ја започна во 1977 година, работејќи во тимот на Хескет, а потоа во 1980-тите во Брабам. Тој е составен дел на организацијата на Формула 1 Шампинатот, откако тој се приклучи на ФИА во 1988 година и е тркачки директор од 1997 година.
Жан Тод, Претседател на ФИА, рече: "Со огромна тага дознав за ненадејното заминување на Чарли. Го знам Чарли Вајтинг многу години и тој беше одличен раководител на трките, централна и извонредна личност во Формула 1 која ја отелотвори етиката и духот на овој фантастичен спорт. Формула 1 загуби верен пријател и харизматичен амбасадор во Чарли. Сите мои мисли, на членовите на ФИА и целата заедница на моторни спортови одат кон неговото семејство, пријатели и сите љубители на Формула 1."
По ненадејната смрт на Чарли Вајтинг пред почетокот на викендот во Мелбурн, во ФИА беа принудени да бараат привремена замена за неговите должности за претстојната трка.
Неговите одговорности на тркачки директор, делегат за безбедност и стартер на трката ќе ги преземе Мајкл Мејси, тркачки директорот на Австралискиот V8 Supercars шампионат. Австралијанецот има искуство во Формула 1 како стјуард.
Себастијан Ветел: "Вчера зборував со нег и ги поминавме првите неколку свиоци на патеката. Тешко е да се сфати... Тој беше човек на возачите. Тој беше отворен за сите во секое време. Тој беше тркач, многу добар човек."
Рос Браун: "Го познавав Чарли од почетокот на мојата тркачка кариера. Работевме заедно како механичари, станавме пријатели и поминавме толку време заедно на трките низ целиот свет. Бев исполнет со огромна тага кога ја слушнав трагичната вест. Јас сум шокиран, тоа е голема загуба не само за мене лично туку и за целото семејство на Формула 1, за ФИА и за мотоспортот во целина. Сите наши мисли се со неговото семејство."
Макс Верстапен: "Голем шок, поминав еден ден со него во Женева, а потоа се поздравивме со се гледаме во Австралија... Ова покажува дека мора да уживате во секој момент од вашиот живот од моментот кога ќе се разбудите наутро..."