Чарлс Леклерк ја забележа неговата прва Пол Позиција во Ф1 кариерата, предводејќи го првиот стартен ред за Ферари, веднаш пред двата возачи на Мерцедес АМГ. Црвените, Меки гуми на Пирели беа користени од почеток до крај на квалификациите во Бахреин.
Забележаното време на Леклерк го сруши рекордот на Сахир од минатата година. Марио Изола, шефот на одделот за Ф1 на Пирели, ја додели нивната награда за најбрзиот возач, кој воедно е втор најмлад освојувач на пол позицијата.
Теоретски, според инженерите на Пирели, најбрзата стратегија за утрешната трка е старт на медиум смешата во стинт од 20 круга, а потоа да се заврши трката на тврдата смеша.
Бидејќи никој во топ 10 нема да започне на медиумот, за нив втората најбрза стратегија изгледа ветувачки. Старт на меките гуми во стинт од 15 круга, а потоа премин на тврдата смеша до самиот финиш на трката.
Според инженерите на Пирели во игра се уште неколку варијанти за две застанувања за промена на гуми, кои би можеле да се покажат како добри за трката. Најдобрата од нив е да се стартува со меки гума во стинт од 15 круга, потоа тие да се заменат со медиум смеша во два стинта од по 21 круга.
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА БАХРЕИН ГРАН ПРИ
3/30/2019 08:05:00 PM
0
Share to other apps