Себастијан Ветел, успеа со крајни напори да заврши на првиот стартен ред пред болидите на Мерцедес АМГ на вториот. Луис Хамилтон беше побрз од својот тимски колега, Валтери Ботас, во досега проблематичниот викенд за сребрените стрели.
НАЈБРЗИОТ КРУГ НА ЧАРЛС ЛЕКЛЕРК
Она што ги направи квалификациите интересни е малиот работен опсег на црвените гуми, па 5-10 степени плус/минус правеа голема разлика за возачите. Можеби тоа допринесе за најголемото изненадување, отпаѓањето на Нико Хулкенберг со болидот на Рено, кој беше редовно пласиран во горниот дел на табелите на претходните три тренинг сесии.
Неговиот тимски колега, Даниел Рикиардо ги имаше проблемите, но, откако започнаа квалификациите Австралијанецот излезе како Победник. Роман Грожан е под истрага за блокирање на Ландо Норис при неговиот брз круг, забавувајќи го драстично во последниот свиок.
Напред најбрз беше Леклерк, Ветел се обидуваше да го победи но безуспешно. Другите возачи драстично заостануваа. Q1 беше крајниот дострел за Џовинаци, Хулкенберг, Строл, Расел и Кубица.
Во Q2 сегментот повторно најбрз од сите беше новиот возач на Ферари, Чарлс Леклерк. Му беше потребен само еден обид да биде на врвот, победувајќи го Хамилтон за половина секунда, додека Ветел влезе во сообраќај, ги блокираше предните тркала и беше само шести во првиот обид.
Тоа значеше дека ќе мора повторно да излегува на патеката, со нови меки гуми, како не би ја започнал утрешната трка со оштетен сет на пневматици. Во вториот негов брз круг успеа да забележи второ најбрзо време.
Пјер Гасли веќе втора трка по ред не успева да се пласира во Q3, забележувајќи го 13-тото најбрзо време, при тоа жалејќи се на неисправна педала за гас. За прв пат од 2017 Малезија ГП, двата возачи на Мекларен успеаа да се пласираат во финалната сесија.
Даниел Рикиардо за малку не беше во можност да го претвори доброто темпо на Рено во Топ 10 пласман. Заедно со него, Q2 сегментот беше крај и за Александар Албон, Пјер Гасли, Серџо Перез и Данил Квјат.
Во финалната Q3 сесија, Себастијан Ветел и Макс Верстапен го пропуштија првото излегување на патеката за брз круг поради премногу уништени сетови на меките гуми.
По првите излегувања најбрз беше, кој друг, ако не Чарлс Леклерк со 1:27.958, изедначувајќи го до илјадитинка апсолутниот рекорд на патеката кој беше забележан минатата година од страна на Себастијан Ветел.
При вторите излегувања на патеката, Моначанецот беше еден од малкумината возачи што го подобрија своето време, а со тоа постави нов рекорд на Меѓународната патека во Бахреин.
Неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, беше три десетинки побавен, успевајќи да се протне пред Луис Хамилтон за само 0.065 делови од секундата за 1-2 Пласман на Ферари.
Двата Мерцедеса на Хамилтон и Ботас ќе стартуваат од вториот ред, и се задоволни од својот пласман со оглед на што веруваат дека имаат очигледна предност во тркачко темпо.
Во тимот на Хас, имаа добри квалификации и жалат што Кевин Магнусен не успеа за само 0.005 делови од секундата биде побрз од Макс Верстапен со Ред Бул, на 5-тата стартна позиција.
Топ 10 Пласманот на денешните квалификации го комплетираа Карлос Саинц Јр., Роман Грожан, Кими Раиконен и Ландо Норис.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БАХРЕИН - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:27.867 | |
2. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:28.160 | + 0.294 |
3. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:28.190 | + 0.324 |
4. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:28.256 | + 0.390 |
5. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.752 | + 0.886 |
6. | Кевин Магнусен | Хас | 1:28.757 | + 0.891 |
7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:28.815 | + 0.947 |
8. | Роман Грожан | Хас | 1:29.015 | + 1.419 |
9. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:29.022 | + 1.156 |
10. | Ландо Норис | Мекларен | 1:29.043 | + 1.177 |
Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклерк - 1:28.046 | ||||
11. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:29.488 | + 1.442 |
12. | Александар Албон | Торо Росо | 1:29.515 | + 1.467 |
13. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:29.526 | + 1.480 |
14. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:29.756 | + 1.710 |
15. | Данил Квјат | Торо Росо | 1:29.854 | + 1.808 |
Q1 Најбрзо Време: Чарлс Леклерк - 1:28.495 | ||||
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:30.026 | + 1.531 |
17. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:30.034 | + 1.539 |
18. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:30.217 | + 1.722 |
19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:31.759 | + 3.264 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:31.799 | + 3.304 |
107% време: 1:34.690 | ||||
ИСТОРИЈА - БАХРЕИН
2010 Себастијан Ветел - Ред Бул - 1:54.1012011 / 2012 Себастијан Ветел - Ред Бул - 1:32.422 2013 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.330 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:33.185 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.571 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.493 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.769 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.958 2019 Чарлс Леклерк - Ферари - 1:27.867
@МкФормула1 - Република Македонија
@MkFormula1 - Republic of Macedonia
|