Хелмут Марко e убеден дека Ред Бул може да освои некоја од Шампионските Титули за 2019 година. Во Австралија, Мерцедес АМГ и Валтери Ботас беа неприкосновени, но Макс Верстапен, се искачи на победничкиот подиум, а не еден од возачите на Ферари.
"Оваа година, мислам дека ќе се натпреваруваме за титулите. Го имаме најдобриот млад возач во овој момент, тоа е Макс Верстапен и имаме добар болид со моќна и сигурна погонска единица. Сите рекоа дека сум глупав што ја избрав Хонда, но како и обично јас бев во право на крајот."
"Благодарение на професионализмот на Јапонците, на пример, ние бевме во можност да ја замениме шасијата на Макс во Австралија без какви било проблеми. Денес ние разговараме со Хонда за конструкција на најдобриот можен болид, а претходно моравме да го чекаме моторот пред да можеме да направиме дизајн"
Ред Бул не беа баш на нивото на Мерцедес ПЕ во Алберт Парк, но Хелмут Марко е убеден дека со помош на Хонда тимот ќе се израмни со нив.
"Наскоро очекуваме нова спецификација на Хонда ПЕ и веруваме дека таа ќе биде на исто ниво со Мерцедес и Ферари. Ние не сме започнале една сезона со толку силен болид во последниве неколку години. Доколку Пјер Гасли не беше елиминиран во Q1, со двата болиди ќе завршевме пред Ферари."
ХЕЛМУТ МАРКО: ОВАА СЕЗОНА ЌЕ АТАКУВАМЕ НА ШАМПИОНСКИТЕ ТИТУЛИ
3/23/2019 01:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps