Следните 10 дена ќе бидат од огромно значење за Мик Шумахер. Минатогодишниот Ф3 Шампион, не само што ќе треба да се докаже на стартот од 2019 Формула 2 сезоната, која започнува овој викенд во Бахреин, според Британскиот Автоспорт тој ќе го има и неговиот прв официјален Ф1 тест на тестот за млади возачи што доаѓа потоа.
Kога веќе ја имате таа шанса ред е да го направите своето деби со стил, а како поинаку ако не со болидот на Ферари. Наследството на неговиот татко Михаел ќе остане вечно запишано во Италијанскиот тим, но сега новиот Шумахер има шанса да се приклучи и самиот во пишување на својата историја, се надеваме успешна.
Мик во вторник по завршување на тркачкиот викенд во Бахреин ќе тестира за Ферари, за веќе во следниот ден се префрли во нивната филијала, тимот на Алфа Ромео. Значи, втората генерација Шумахер ќе треба да покаже со што располага и успешно да ја трасира својата иднина.
ДЕБИ НА МИК ШУМАХЕР ВО БОЛИД НА ФЕРАРИ?!?
3/25/2019 08:19:00 PM
0
Share to other apps