Леклерк водеше во најголемиот дел од трката, но во завршните моменти започна да забавува и пријави проблеми со ПЕ, за кој набрзо му беше одговорено дека изгубил дел од ЕРС-системот. Неговото темпо драматично се намали кон крајот од 48-от круг на 9 круга до самиот финиш на трката.
Луис Хамилтон, а подоцна и неговиот тимски колега имаа лесна задача да го претекнат. Сепак, Моначанецот треба да биде барем среќен што не го загуби својот прв пласман на Победничкиот подиум, кога Рено ПЕ реши да откаже во двата нивни болиди, па на патеката беше воведено Безбедносното возило. Макс Верстапен мораше да се задоволи со 4-тото место.
На самиот старт од трката, Себастијан Ветел беше далеку подобар од својот тимски колега, па го презеде водството по првиот свиок. Слабиот старт на Леклерк го искористи и Валтери Ботас кој го претекна младиот возач на Ферари за второ место во тој момент.
Следен беше Хамилтон кој се обиде да изврши притисок врз Леклерк, но тука се вмеша и Верстапен, но сите си ги задржаа своите позиции на патеката.
По почетните тешкотии, Леклерк брзо се опорави и веднаш го прејде во напад. Се укажуваше дека ова ќе биде неговиот викенд од соништата, кога веќе на стартот од вториот го претекна Финецот, а веднаш во следниот и својот тимски колега за водство во трката.
Леклерк лесно го одржуваше водството се до првите застанувања во бокс за промена на гумите. Следуваше стратегиска битка, која младиот Моначанец ја доби и остана на првото место, додека Хамилтон успеа да го помине Ветел за П2, па Германецот сега беше трет пред Ботас и Макс. Сите излегоа назад на патеката на медиум гуми, за разлика од Хамилтон кој се реши за меките гуми на Пирели.
Тоа се покажа како голема грешка бидејќи црвените гуми откажаа само по неколку извозени круга, па Себастијан Ветел беше во можност да си ја врати втората позиција.
Леклерк беше во водство со 7.5 секунди пред неговиот тимски колега. Зад Хамилтон, Ботас беше четврти, четири секунди пред Верстапен. Следуваше мирен период од трката, барем на врвот од поредокот.
Во трка кога се случуваат возбудувања напред, се заборава на останатото и тоа е она што е потребно за Формула 1, а не некоја си борба за најдобар од останатите.
Очекувано првиот потег го повлече Луис Хамилтон, кој се ослободи од проблематичната мека смеша, и премина на медиум смешата за последниот стинт од трката. Потег кој што веќе во следниот круг беше покриен од страна на Ферари и Себастијан Ветел.
Германецот излезе пред Хамилтон, но разликата беше драстично намалена, па возачот на Мерцедес АМГ набрзо прејде во напад. Тој прво се обиде да нападне низ 4-от свиок, Ветел успешно се одбрани, но се гледаше дека нема брзина во неговото Ферари.
Она што беше неминовно, претекнувањето од страна на Хамилтон се случи во наредниот круг. Веднаш по претекнувањето Себастијан Ветел се изврте на патеката, но набргу потоа неговото предно крило мистериозно се распадна и тој беше принуден да оди во бокс за поправки, по што падна на 9-тото место.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРКАТА
Неговото темпо драстично започна да опаѓа, па на Хамилтон му беа потребни неполни два круга да ја анулира предноста од 10 секуди и го претекне Леклерк за водството. Следуваше Валтери Ботас, кој за разликата од 30-тина секунди му беа потребни 5 круга за второто место.
Следен беше Макс Верстапен кој посакуваше пласман на подиумот, но беше оневозможен во својата намера од болидите на Рено, кои што решија да откажат на три круга до карјот на трката.
Болидот на Рикиардо беше паркиран премногу блиску до самата патека, по што беше распоредно Безбедносното возило. Тоа овозможи останување на подиумот на Чарлс Леклерк, а Макс Вертсапен мораше да се задоволи со четвртото место на оваа возбудлива трка.
Петтото место му припадна на Ветел, пред Ландо Норис го освои извонредното шесто место за Мекларен. Следуваа Кими Раиконен на седмото пред Пјер Гасли, Алекс Албон и Серџо Перез за заокружување на освојувачите на поени.
Голема награда на Бахреин, Сахир. 57 круга, 308.238км., Време: Суво/Ноќна трка. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч34:21.295 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 2.980 |
3. | Чарлс Леклерк | Ферари | + 6.131 |
4. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 6.408 |
5. | Себастијан Ветел | Ферари | + 36.068 |
6. | Ландо Норис | Мекларен | + 45.754 |
7. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 47.470 |
8. | Пјер Гасли | Ред Бул | + 58.094 |
9. | Алекс Албон | Торо Росо | + 1:02.697 |
10. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1:03.696 |
11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1:04.599 |
12. | Данил Квјат | Торо Росо | + 1 круг |
13. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
14. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
16. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
17. | Нико Хулкенберг | Рено | дефект |
18. | Даниел Рикиардо | Рено | дефект |
19. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | дефект |
НАЈБРЗ КРУГ: ЧАРЛС ЛЕКЛЕРК - 1:33.411 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
20. | Роман Грожан | Хас | дефект |
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:58.710 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:54.067 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч48:15.565 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч24:11.672 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч32:01.940 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:21.295 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 2/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Валтери Ботас | 44 | |
2. | Луис Хамилтон | 43 | |
3. | Макс Верстапен | 27 | |
4. | Чарлс Леклерк | 26 | |
5. | Себастијан Ветел | 22 | |
6. | Кими Раиконен | 10 | |
7. | Кевин Магнусен | 8 | |
8. | Ландо Норис | 8 | |
9. | Нико Хулкенберг | 6 | |
10. | Пјер Гасли | 4 | |
11. | Ленс Строл | 2 | |
12. | Алекс Албон | 2 | |
13. | Серџо Перез | 1 | |
14. | Данил Квјат | 1 | |
15. | Антонио Џовинаци | 0 | |
16. | Џорџ Расел | 0 | |
17. | Роберт Кубица | 0 | |
18. | Роман Грожан | 0 | |
19. | Даниел Рикиардо | 0 | |
20. | Карлос Саинц ЈР. | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 87 | |
2. | Ферари | 48 | |
3. | Ред Бул | 31 | |
4. | Алфа Ромео | 10 | |
5. | Мекларен | 8 | |
6. | Хас | 8 | |
7. | Рено | 6 | |
8. | Торо Росо | 3 | |
9. | Рејсинг Поинт | 3 | |
10. | Вилијамс | 0 |
Старт на трката