Неколку тимови ќе го искористат овој тест како можност да ја исполнат својата задолжителна обврска да им дадат шанса на своите млади возачи.
Најмногу внимание привлекува, Мик Шумахер, кој ќе вози за Ферари и Алфа Ромео, потоа Дан Тиктум за Ред Бул, Џек Ајткен за Рено, Пјетро Фитипалди за Хас и Николас Латифи за Вилијамс.
Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел ќе ја добие својата прва шанса да го вози болидот на Мерцедес АМГ, W10, кој е нивни подмладок, а исто така ќе има половина ден во болидот на неговиот сегашен тим.
Два тимови, Мекларен и Торо Росо, ќе имаат дополнителна задача за тестирање на гумите за Пирели.
Исто така, зад воланот на Мекларен се враќа Фернандо Алонсо кој ќе добие можност за прв пат да го испроба 2019 болидот на Мекларен.
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА | ||
ТИМ | ВТОРНИК, 2/4/2019 | СРЕДА, 3/4/2019 |
Мерцедес АМГ | Луис Хамилтон | Џорџ Расел |
Ферари | Мик Шумахер | Себастијан Ветел |
Вилијамс | Расел/Кубица | Николас Латифи |
Ред Бул | Макс Ферстапен | Дан Тиктум |
Рено | Даниел Рикиардо | Џек Ајткин |
Рејсинг Поинт | Ленс Строл | Серџо Перез |
Торо Росо | Алекс Албон | Алекс Албон |
Алфа Ромео | Антонио Џовинаци | Мик Шумахер |
Мекларен | Саинц Јр./Норис | Ландо Норис |
Хас | Роман Грожан | Пјетро Фитипалди |
@МкФормула1 - Република Македонија ЛИНК - 2019 ПРЕЗЕНТАЦИИ - ЛИНК ЛИНК - ПОДЕТАЛНО ЗА ТИМОВИТЕ - ЛИНК ЛИНК - ПОДЕТАЛНО ЗА ВОЗАЧИТЕ - ЛИНК ЛИНК - 2019 КАЛЕНДАР - ЛИНК @MkFormula1 - Republic of Macedonia |