Треба да напоменеме дека Себастијан Ветел направи грешка во последниот свиок, што значи дека можеше да забележи нешто побрзо време.
Дежа ву од минатата година, болидите на Сребрените стрели беа за нешто повеќе од половина секунда побавни. Луис Хамилтон го забележа третото најбрзо време. Британецот изгуби време во првите два сектора и не можеше да направи нешто повеќе во брзиот сектор три.
Според оваа најважна тренинг сесија за ГН на Бахреин, изгледа Ферари како да има предност и на сонце и под светла.
Валтери Ботас мораше да го прекине својот брз круг, откако влезе во сообраќај на патеката. Финецот секако дека не го покажа неговиот максимум.
Разликата со која заостануваат возачите на Ред Бул е изненадувачка. Тимот со новата Хонда ПЕ се надеваше дека ќе се бори за Победа овој викенд, но ја заврши сесијата зад Рено.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ
Нико Хулкенберг, во болидот на Французите, кој има доста надградби за оваа трка, заврши на петтото место и речиси идентично време со тоа на Мерцедес АМГ.
Или во Рено ги погодиле новите надградби, или пак, што е поверојатно дека Сребрените стрели не биле ни блиску до максималната моќност на Мерцедес ПЕ.
Ландо Норис го продолжи охрабрувачкиот старт на Мекларен со забележување на осмото место, една десетинка пред неговиот поискусен тимски колега Карлос Саинц Јр., кој беше 11-ти зад Даниел Квјат.
Даниел Рикиардо се уште се чини дека се бори да се прилагоди на новиот болид, повторно завршувајќи далеку зад Хулкенберг, со 15-тото најбрзо време, и повеќе од една секунда зад својот тимски колега.
Вилијамс убедливо на последните две места од табелата и разочарувачки перформанси на Роберт Кубица.
Во меѓувреме, двата болиди на Алфа Ромео со идентичен проблем, истекување на водата од нивниот систем за ладење. Во тимот треба да изведат опширна истрага за причините за овој неочекуван дефект, кој им ја уништи најважната тренинг сесија.
2019 БАХРЕИН ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:28.846 | 32 | |
2 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:28.881 | + 0.035 | 32 |
3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:29.449 | + 0.603 | 33 |
4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:29.557 | + 0.711 | 36 |
5 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:29.669 | + 0.823 | 32 |
6 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:29.725 | + 0.879 | 34 |
7 | Кевин Магнусен | Хас | 1:30.000 | + 1.154 | 33 |
8 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.017 | + 1.171 | 25 |
9 | Роман Грожан | Хас | 1:30.068 | + 1.222 | 34 |
10 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:30.093 | + 1.247 | 36 |
11 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:30.192 | + 1.346 | 33 |
12 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:30.429 | + 1.583 | 31 |
13 | Александар Албон | Торо Росо | 1:30.458 | + 1.612 | 36 |
14 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:30.716 | + 1.870 | 32 |
15 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:30.848 | + 2.002 | 30 |
16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:31.088 | + 2.242 | 6 |
17 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:31.129 | + 2.283 | 31 |
18 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:31.144 | + 2.298 | 10 |
19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:31.904 | + 3.058 | 32 |
20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:32.932 | + 4.086 | 37 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - БАХРЕИН
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.325
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.647 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:31.001 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:31.310 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:29.817 2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1:28.846 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |