"Денес се фокусиравме само на нашите проблеми и на модификациите што ги направивме по Австралија, да реагираме и да одговориме на прашањата што ги имавме. Разликата од 0.6 секунди над најблискиот ривал Мерцедес АМГ е погрешна и ние очекуваме блиска борба во квалификациите."
"Другите ќе бидат многу силни утре, а тоа е сосема очигледно, ако ги погледнете ГПС податоците, брзината на правците. Сo сигурност можам да кажам дека ние бевме на сосема различни модови во однос на другите тимови. Затоа очекувам многу тешка битка утре. Но, она што мислам дека е поважно е да останеме фокусирани на самите себе."
"Ја подобривме нашата ситуација по Австралија. Ова е сосема поинаква патека, па да речеме дека не мораме да се справуваме со проблемот што го имавме во Австралија, благодарение на патеката, а и благодарение на модификациите што ги направивме."
Себастијан Ветел: "Чувството што го имав возејќи го болидот со сигурност е подобро отколку во Австралија, но има уште многу повеќе перформанси во него. Ако утре бидеме во можност да пронајдеме дел од нив ќе треба да бидеме во добра форма и се надеваме дека ќе можеме да бидеме многу поблиску и да го ставиме Мерцедес АМГ под притисок."
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ