Возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас, ја освои својата прва сезонска Пол позиција на 1000-тата трка во историјата на Формула 1. Тој се квалификуваше само 0.023 секунди пред неговиот тимски колега Луис Хамилтон, и двајцата користејќи ги меките и медиум гуми за време на квалификациите.
На утрешната трка, најбрзите пет возачи ќе стартуваат на медиум смешата на Пирели, додека останатите пет од топ 10 пласманот на меката смеша. Претседателот на ФИА, Жан Тод, ја додели наградата на Пирели за освојувачот на Пол позицијата.
Теоретски, според инженерите на Пирели, најбрзата стратегија за утрешната трка е со едно застанување за промена на гумите, и тоа стартен стинт на меките гуми од околу 18 круга, а потоа премин на тврдата смеша до самиот крај на трката. За оваа варијанта во игра се 5 возачи од Топ 10.
Вториот најбрз пристап, кој е исто така со едно застанување, но овој пат почнувајќи на жолтата медиум гума за 19 круга пред да се премине на тврдата смеша. Значи најбрзите Топ 10 возачи во квалификациите се решија да ја користат, теоретски, втората најбрза стратегија, што може да има интересен ефект. Нај оптоварен на патеката во Шангај ќе биде предната лева гума.
Конечно, возможна е стратегија со двојно запирање во бокс, но таа е јасно побавна. Стартен стинт на меките гуми од 15 круга, потоа уште една стинт од 15 круга на истата смеша, и потоа тврдите бели гуми до самиот крај. Според нас може да се обидат и со медиум смешата.
По исклучително топлата сабота, времето во текот на утрешниот ден треба да биде малку поладно и слично на петокот, што значи дека тимовите можат многу точно да се потпрат на податоците собрани за време на тренинг сесиите.
Според списокот со преостанати сетови на гуми по возач, можеме да ја насетиме и нивната стратегија.
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/13/2019 08:02:00 PM
0
Share to other apps