Мик Шумахер кој дебитираше во тековен Ф1 болид, се обиде да го привлече медиумското внимание со најмеката смеша на Пирели, C5, но не успеа да биде на врвот од табелата. Германецот со 2 секунди побрзи гуми од Верстапен, успеа да се доближи само на 0.6 десетинки од најбрзото време.
Денес имавме многу фрустрирачки ден за сите тимови во Бахреин. Временските услови на почетокот на денот изгледаа задоволително по вчерашните облаци од прашина и потоа дождот кој паѓаше во текот на ноќта.
Сепак, дождот повторно се врати на патеката, па имавме малку акција до почетокот на вечерта, кога временските условите повторно се подобрија. Тимовите успеаа да завршат дел од планираните тест сесии, утрината и во доцните попладневни часови.
По скратената програма за денес, тимовите имаат многу гуми на располагање, па така во текот на утрешниот ден ќе целат да ја завршат комплетната тест програма.
2019 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:29.379 | 69(C3) | |
2 | Мик Шумахер | Ферари | 1:29.976 | + 0.597 | 56(C5) |
3 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.800 | + 1.421 | 22(C3) |
4 | Роман Грожан | Хас | 1:30.982 | + 1.603 | 42(C3) |
5 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:31.089 | + 1.709 | 71(C3) |
6 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:31.156 | + 1.777 | 77(C3) |
7 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:31.584 | + 2.205 | 45(C4) |
8 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:31.964 | + 2.585 | 32(C3) |
9 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:32.059 | + 2.679 | 32(C2) |
10 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:32.067 | + 2.687 | 53(C2) |
11 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:32.207 | + 2.827 | 64(П) |
12 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:32.708 | + 3.329 | 20(C2) |
13 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:33.290 | + 3.910 | 19(C2) |
14 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:33.653 | + 4.273 | 45(П) |
15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:33.682 | + 4.302 | 27(C2) |
* П - Прототип, тест за Пирели
@МкФормула1 - Република Македонија@MkFormula1 - Republic of Macedonia |