На стартот од Големата Награда на Кина, Чарлс Леклерк успеа да го претекне Себастијан Ветел во борбата за третото место, но по неколку круга тимот од него побара да се откаже од својата позиција на сметка на својот тимски колега. На крајот, Леклерк заврши петти и по трката изјави дека не е подготвен да ги коментира постапките на својот тим.
"Денешната трка не беше баш лесна за мене, бидејќи изгледа како да немавме доволно добро темпо да се бориме за победата со нашите конкуренти. Имав добар старт, во првиот свиок бев претпазлив."
"Што се однесува до борбата со Себастијан, најпрво морам да разговарам со инженерите за да ја разберам логиката на нивната одлука. Дотогаш, нема да давам коментари."
"Мислам дека и Себ и јас имавме проблеми со гумите на Пирели. Кога ги сменивме позициите, мислев дека Себ ќе се оддалечи, но тој не го стори тоа, а тоа беше проблем за моите гуми, бидејќи тие се прегреваа и изгубив одредена брзина."
"Со мојот втор сет на гуми се надевав дека ќе можам да одам до самиот финиш, но за жал повторно мораше да застанам во бокс, и така изгубив едно место. Ќе седнеме сите заедно за да разбереме што можеше подобро да се направи и сигурен сум дека ќе се вратиме посилни на следната трка."
ЛЕКЛЕРК: НЕ СУМ ПОДГОТВЕН ДА ГИ КОМЕНТИРАМ ПОСТАПКИТЕ НА ФЕРАРИ
4/14/2019 05:58:00 PM
0
Share to other apps