Мерцедес АМГ забележа 1-2 Победа на историската 1000-та трка во шампионатот на Формула 1. Победник беше Луис Хамилтон кој ја забележа неговата 75-та Ф1 Победа, негова втора оваа 2019 сезона и шеста на ГН на Кина.
Валтери Ботас ја заврши трката на второ место, комплетирајќи го третиот последователен 1-2 пласман за сребрените стрели.
Денешниот резултат ја одбележува 90-тата Победа за Мерцедес-Бенц во Формула 1.
Луис Хамилтон со 68 бода го предводи пласманот на возачи со 6 поени пред Валтери Ботас, 62 бода.
Мерцедес АМГ е лидер во пласманот на конструктори, 130 поени, 54 повеќе од тимот на Ферари.
Маркус Дадли, инженерот на Хамилтон, го прими трофејот за конструкторите.
Луис Хамилтон: "За мене ова не беше лесен тркачки викенд, но, резултатот е фантастичен, како за мене, така и за тимот, сите работеа напорно за ова. Ферари, беше многу брз во Бахреин, па не знаевме што да очекуваме."
"Валтери беше брз низ целиот викенд и направи одлична работа денес. Да се има 1-2 Победа на 1.000-тата Ф1 трка е прекрасно чувство. Стартот е местото каде што јас ја направив разликата, па после тоа беше полесно."
"Стратегијата ни е посилна страна на овие први три трки, па затоа треба да го задржиме тоа. Јас навистина незнам како ќе се одвиваат следните трки, но јас веќе со нетрпение ја очекувам следната."
Валтери Ботас: "За нас како тим ова е навистина совршен почеток на сезоната, никој не ни помислуваше дека ќе имаме три последователни 1-2 Победи, па едно големо благодарам до нашиот тим за нивната напорна работа."
"За мене лично, се чувствувам помалку разочаран, бидејќи ја имав Пол позицијата, но, потоа ја загубив трката на стартот. Имаше една бела линија нешто пред старното место и тркалата пролизгаат кога ја преминав, по што ја изгубив позицијата од Луис."
"Во овој спорт се е во деталите, па за жал тој еден детал го одлучи остатокот од трката. Гледано од позитивната страна, во Шангај имавме силно темпо, многу подобро отколку во Бахреин."
"Мислам дека сме во добра позиција, но треба да продолжиме да вршиме притисок. Оваа патека е многу уникатна во својот распоред, па во Баку ќе има многу поразлични предизвици, па ќе биде интересно повторно за две недели."
Себастијан Ветел заврши на третото место за Големата Награда на Кина, по што призна дека Ферари едноставно нема доволно темпо за да наметне борба со Мерцедес АМГ.
"Мило ми е што се пласирав на подиумот, но трката беше тешка. Се обидовме да се држиме до Мерцедес АМГ, но едноставно не можевме, од самиот старт беа брзи. Потоа имав интересен дуел со Макс Верстапен, уживав во него. Се разбира, главната цел беше да се израмниме со Мерцедес АМГ, но денес тие беа пребрзи."
"Ако зборуваме за битката со Макс, видов како ми се приближува и сфатив дека на крајот од правецот тој ќе нападне, предвидов дека ќе се обиде од внатрешната страна, па се обидов да преземам контрамерки и успеав. Во тој момент речиси ја изгубив контролата над болидот, но, на крајот успеав да станам пред Макс... Беше многу забавно! Иако, повторувам, би сакал да бидеме малку побрзи."
"Што се однесува до размената на позиции со Чарлс Леклар, чувствував дека можам да одам побрзо, но се покажа дека не можев да го најдам вистинскиот ритам. Поради ова, на неколку места ги блокирав тркалата и ја изгубив предноста што ја имав."
"Денес не можевме да се натпреваруваме со Мерцедес АМГ, и тоа е помалку фрустрирачки. Не очекува многу напорна работа, денешниот резултат е добар, иако е јасно дека не можеме да го наречеме одличен."
ПРВИЧНИ ВПЕЧАТОЦИ НА ВОЗАЧИТЕ ОД ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ
4/14/2019 03:29:00 PM
0
Tags
Share to other apps