Релативниот недостаток на акција на патеката значеше дека ние всушност не научивме толку многу денес. Првиот тренинг во голема мера беше отпишан поради лабава шахта, додека црвените знамиња беа во акција на вториот тренинг, прекинувајќи ги квалификацииските и тркачките симулации.
Следствено, постоеше висок степен на еволуција на патеката кога болидите беа во акција, што го отежнува прецизното "читање" на релативните перформанси. Разликата во перформанси помеѓу медиум и меките гуми се очекува да биде помеѓу 1.2 и 1.4 секунди, но поради еволуцијата на патеката, денес таа беше екстремна од околу 1.7 секунди.
Абењето и деградацијата се ниски, благодарение на мазниот асфалт и неговите ниски енергетски потреби. Како резултат на тоа, тимовите се концентрираа на меките и медиум гуми, наместо на тврдите. Температурите во Баку се многу променливи во текот на оваа недела, а денес имавме 20 степени целзиусови на воздухот и 38 степени на асфалтот за време на попладневниот тренинг.
Марио Изола, шеф на одделот за Формула 1 на Пирели: "Ова беше незаклучив прв ден од тркачкиот викенд во Баку, каде што оваа патека ги покажаа сите свои непредвидливости што може да ги понуди. Бидејќи на првиот тренинг имаше многу малку акција, патеката беше особено лизгава на вториот тренинг, како и големата еволуција на патеката, со повеќе прекини по излетувањето на возачите, го отежнуваат добивањето вистинска слика за разликата во перформансите меѓу смешите."
"Очекуваме дека сегашната разлика од 1.7 секунди помеѓу медиум и меката гума ќе се намалува, иако разликите се секогаш поголеми на долгите патеки. Сепак, веќе се забележуваат одредени лајтмотиви."
"Абењето и деградацијата се многу ниски, а Ферари има особено силни перформанси на обете гуми во текот на денешниот ден. Утрешниот тренинг ќе биде многу значаен, бидејќи болидите треба да се подготват за квалификацииите на она што треба да биде нивно завршно подесување, со оглед на тоа што нивните денешни кратки и долги стинтови беа прекинати."
ПИРЕЛИ - ШТО НАУЧИВМЕ ОД ДЕНЕШНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
4/26/2019 08:51:00 PM
0
Share to other apps