По откажувањето на првиот тренинг поради разлабавената шахта што го оштети болидот на Џорџ Расел, тимовите мораа да ја приспособат нивната тест програма за втората тренинг сесија, на која не учествуваше возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, бидејќи на неговиот болид ќе биде монтирана нова шасија.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ
Проблемите за сите беа исти. Асфалтот во Баку е мазен, абењето е мало, но не е лесно да се загреат гумите, особено кога имаме релативно студено време. Многумина имаа погрешни проценки за времето на сопирање, блокирајќи ги тркалата и излетување во малкуте безбедносни зони што ги нуди оваа патека. Повеќето од нив беа без поголеми последици за болидите.
Имавме два посериозни инциденти со црвено знаме, првиот кога Ленс Строл заврши во бариерата при вториот свиок и вториот кога Даниел Квјат, кој денес полни 25 години, заврши во бариерите на излезот од седмиот свиок. При двата инциденти црвеното знаме траеше по околу 10-тина минути.
2019 АЗЕРБЕЈЏАН ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:42.872 | 28 | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:43.196 | + 0.324 | 28 |
3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:43.541 | + 0.669 | 31 |
4 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:43.793 | + 0.921 | 24 |
5 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:44.003 | + 1.131 | 31 |
6 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:44.177 | + 1.305 | 9 |
7 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:44.183 | + 1.311 | 27 |
8 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:44.216 | + 1.344 | 33 |
9 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:44.240 | + 1.368 | 24 |
10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:44.295 | + 1.423 | 32 |
11 | Кевин Магнусен | Хас | 1:44.901 | + 2.029 | 25 |
12 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:45.367 | + 2.494 | 31 |
13 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:45.436 | + 2.564 | 28 |
14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:45.482 | + 2.610 | 30 |
15 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:45.483 | + 2.611 | 15 |
16 | Роман Грожан | Хас | 1:45.618 | + 2.746 | 31 |
17 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:46.717 | + 3.845 | 24 |
18 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:47.875 | + 5.003 | 8 |
19 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:48.111 | + 5.239 | 27 |
20 | Џорџ Расел | Вилијамс | / | / | 0 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - БАКУ
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:44.223
2017 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:43.362 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:42.795 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:42.872 | |||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
ЛИНК - АЗЕРБЕЈЏАН ГП: НЕСКРОТЛИВИТЕ УЛИЦИ НА БАКУ
ЛИНК - ДЕТАЛЕН ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД
ЛИНК - БОЛИДОТ НА ВИЛИЈАМС ЦЕЛ НА ОДВОДНА ШАХТА
ЛИНК - ДЕТАЛЕН ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД
ЛИНК - БОЛИДОТ НА ВИЛИЈАМС ЦЕЛ НА ОДВОДНА ШАХТА