Квалификациите за Големата Награда на Азербејџан се покажаа потешки отколку што се очекуваше за тимот на Ферари. Себастијан Ветел ќе ја започне трката од третата позиција, додека Чарлс Леклер ќе се најде во петтиот стартен ред, откако неговиот ден заврши во Q2 сесијата.
Моначанецот би требало да стартува од 9-тата позиција, но, тоа дефинитивно ќе се знае откако ќе биде поправен неговиот Ферари, SF90. Ако има потреба од менување на делови од ПЕ, менувачот или шасијата ќе следуваат дополнителни казни. Стартот на трката е закажан за 14:10 часот по Македонско време.
Чарлс Леклeр: "Излетувањето во бариерите беше моја грешка, го добив тоа што го заслужив. Многу сум разочаран од тоа што се случи, јас едноставно бев глупав како и што реков на тимското радио. Потребно е да се смирам што побрзо, но, повторно ќе кажам бев многу глупав, тоа не може да се промени. Ќе пробам да научам од се ова и да се вратам што посилен за утрешната трка."
"Не сакам да кажам ништо глупаво, но гледајќи ги резултатите од Тренинг сесиите, Q1 од квалификациите, Пол позицијата беше на дофат, но, јас со една глупава грешка го фрлив целиот потенцијал на болидот во канта за ѓубре. Инцидентот не беше резултат на моја нефокусираност на патеката, јас само започнав да сопирам на истиот начин како и со меките гуми, иако возев на медиум и дозволив тркалата да се блокираат."
"Повторно ќе кажам, не сакам да бидам погрешно разбран, немаше проблем со гумите, се беше моја грешка. Затоа сум многу разочаран. Во Баку, можете да престигнувате, па на утрешната трка планирам да напаѓам со сета моја моќ, но, во следните неколку часови ќе бидам многу лут на самиот себе за денешната грешка."
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР: ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА БЕШЕ ВОЗМОЖНА, НО НАПРАВИВ ГЛУПАВА ГРЕШКА
4/27/2019 07:07:00 PM
0
Share to other apps