Возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас, го забележа најбрзото време на денешните квалификации за Големата Награда на Азербејџан, со користење на меките гуми на Пирели. Финецот ја прими стандардната награда за Пол позиција, доделена од победникот на Формула 2 трката, Џек Ејткен.
За утрешната трка, инженерите на Пирели, велат дека стратегијата од едно застанување во бокс треба да биде главен избор на сите тимови и возачи. При тоа не е важно дали ќе се стартува на мека или медиум смеша.
Ако почетниот стинт е на меките гуми, најдобро е тие да се заменат во 25-от круг, додека ако почетниот стинт е на медиум гумите, најдобро е тие да заменат еден круг подоцна т.е. 26-от. Сепак, на оваа патека имаме многу широк пит-стоп ефективен опсег кој започнува од 15-от круг, па претходните бројки може да се сметаат само како водич.
Како што веќе видовме овој викенд, но и од минатото, стратегијата може да биде под силно влијание на излегување на безбедносното возило, но, на хартија две застанувања во бокс е побавна опција.
Марио Исола, Шеф на Пирели за Формула 1: "Уште еднаш имавме прилично ниски температури на воздухот и асфалтот. Површината беше многу лизгава, што доведе до неколку блокирања на тркалата и оштетени гуми. Речиси сите возачи ги користеа меките гуми од почеток до крај на квалификациите."
"Единствениот исклучок, тимот на Ферари се обиде на медиум гумите во Q2, што можеби ги чинеше Пол позиција. Во теорија, бидејќи гумите и нивната деградацијата не се значајни на оваа патека, ова треба да биде трка со едно застанување во бокс. Но, со бројот на инциденти и потенцијални излегувања на безбедносното возило, тешко е да се направи точна прогноза, особено поради фактот што имаме многу широк пит-стоп ефективен опсег."
"Многубројните прекини значеа дека температурата на патеката драматично се намалуваше за време на сесијата, која заврши скоро во 7 часот по локално време, така што возачите беа затекнати со многу поинаква состојба на асфалтот, со онаа на почетокот, што влијаеше на однесувањето и стратегијата на гумите."
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА АЗЕРБЕЈЏАН ГП-то
4/27/2019 09:59:00 PM
0
Share to other apps