Луис Хамилтон ја продолжи рекордната серија на 1-2 Победи за Мерцедес АМГ, со победата на денешната трка за ГН на Шпанија.
Трката по подолго време ќе беше комбинација на повеќе различни стратегии со еден или два пит-стопа, но, на крајот таа беше ресетирана по влегувањето на безбедносното возило, давајќи им на водечките "гратис" пит-стоп.
Британецот го презеде врвот во генералниот пласман на возачи со 112 поени, седум повеќе од Валтери Ботас, 105 поени. Мерцедес АМГ со 217 поени го предводи Ферари, со 121 поен во шампионатот на конструктори.
Луис Хамилтон, П1: "Ова беше неверојатен ден за тимот. Ние, донесовме повеќе надградби на болидот и сите работеа напорно за тоа да го овозможат. Многу сум горд на сите дома во нашата фабрика и им благодарам за целата нивна напорна работа. Момците овде на патеката, исто така, работат на исклучително високо ниво, благодарам и до сите нив."
"Кога се изгасија црвените светла, мојот првичен старт беше доста добар и бевме многу блиску распоредени за влез во првиот свиок. Мислам дека и Ферари беше покрај нас во еден момент, така што беше голема битка и исто така одлучувачки момент во трката. После тоа јас само требаше да се фокусирам на моето возење."
"Оваа победата сакам да ја посветам на Хари, младо дете кое денес ми испрати порака. Тој беше мојата инспирација. Тој можеше да избере кој било друг возач, така што за него во најтешките денови да испрати таква порака е навистина скромно и многу ценето. Те испраќам љубов, Хари."
Валтери Ботас, П2: "На почетокот имав проблеми со кумплунгот, кој вибрираше, па мојот старт беше навистина лош. За жал, тоа значеше дека целата напорна работа во текот на викендот беше изгубена. Ние сме силен тим и ќе ја испитаме причината за овој проблем за да бидеме сигурни дека тоа нема да се повтори во иднина. За мене лично, ова не беше баш најдобар викенд, но, од гледна точка на тимот беше навистина одличен."
"Честитки за Луис за победата, денес, тој имаше силно тркачко темпо. Во овој момент нашиот тим работи на неверојатно ниво, големо бладорам за секој член на тимот, и во Брекли и Бриксворт, и тука на патеката. Со нетрпение ја очекувам трката во Монако, тоа е толку уникатна патека и сосема поинаков предизвик, па тешко е да се каже кој ќе биде најсилниот тим."
Макс Верстапен, П3: "Се обидувам да го максимизирам сето она што го имам и среќен сум од денешниот резултат. Ние сме повторно на трето место, што е доста репрезентативна слика на нашето темпо во моментов, и одлична можност да се освојат што е можено повеќе поени. Знаев дека имаме добри шанси во трката за да се бориме со Ферари и тоа го направивме."
"Стартот беше прилично возбудлив со три болиди во еден свиок, па решив да се повлечам од таа битка, но, со тоа имав добра тракција на излез од вториот и влез во третиот свиок. Да се добие 3-тото место во тој свиок беше од суштинско значење за мојата трка, па така јас можев да го диктирам мое темпо и стратегија, која добро функционираше."
"Болидите на Мерцедес АМГ беа надвор од дофат, но, бевме многу доследни и секако сме среќни што сме на подиумот. Сите сме мотивирани да го намалиме нашиот дефицит, па на тест сесијата што следува ќе пробаме неколку работи што може да ни даде подобра насока на кој начин да работиме."
2019 ШПАНИЈА ГП: ВПЕЧАТОЦИ НА ПОБЕДНИЧКАТА ТРОЈКА
5/12/2019 08:33:00 PM
0
Tags
Share to other apps