Сребрените стрели беа одлични и при стратегиските одлуки, забележувајќи ја 5-тата последователна 1-2 Победа. Макс Верстапен го искористи подарокот на Ферари и нивната конфузна стратегија, тимските наредби, инаетот на возачите за пласман на победничкиот подиум на младиот Холанѓанец.
Со гаснењето на црвените светла, Луис Хамилтон беше возачот кој го имаше најдобриот старт, по што успеа да го претекне својот тимски колега, Валтери Ботас, од внатрешната страна на првиот свиок.
Финецот подоцна се пожали на невообичаено однесување на кумплунгот при стартот на трката.
Добар старт имаше и Себастијан Ветел, кој што се обиде да ги претекне Мерцедесите од надворешната страна на првиот свиок. Тоа беше ризичен потег со доцно притискање на сопирачките, кој заврши со блокирање на предното лево тркало.
Германецот имаше лош излез од првиот свиок, што беше искористено од страна на Макс Верстапен кој го претекна Ферарито за третото место зад новиот лидер Хамилтон и Ботас.
Зад нив се одвиваше борба за петтата позиција, помеѓу Пјер Гасли во вториот Ред Бул и вториот Ферари на Чарлс Леклер, борба во која што на кратко се вмеша и Роман Грожан со Хас. На крај, сите ги задржаа своите позиции од стартниот грид.
Леклер брзо се доближи до својот тимски колега, кој имаше проблеми со предната оштетена гума во првиот свиок, по што Германецот во 12-от круг се реши да му дозволи на својот тимски колега да премине напред.
На крајот од 19-от круг, во Ферари се решија да ги променат оштетените меки гуми со нови медиум гуми на Пирели.
Од тимот на Ред Бул веднаш реагираа, по што Верстапен беше повикан во бокс веќе во следниот круг, но тоој се врати на патеката на меките гуми.
Чарлс Леклер беше повикан во бокс во 27-от круг, при што неговите меки гуми беа заменети со тврдите, бели гуми, излезе на патеката пред својот тимски колега, кој на побрзата медиум смешата започна брзо да се доближува до Моначанецот.
Германецот беше јасно побрз и кога сите очекувавме дека ќе биде пропуштен од страна на Леклер, преговорите во тимот траеа непотребно многу кругови, па тоа се случи со големо закаснување. По пропуштањето, Себастијан Ветел се обиде да ја намали разликата до Верстапен, но, во 40-от круг тој повторно се упати кон боксевите.
Повторно се врати на патеката на медиум гуми, и наскоро се врати на петтото место. Макс Верстапен реагираше неколку круга подоцна и на крајот од 43-от круг тој премина на жолтите, медиум гуми. Тој се врати на патеката зад Леклер, и почна со потера по него, бидејќи претпоставката беше дека Моначанецот повеќе нема да влегува во бокс.
Сепак, динамиката на трката, беше ресетирана во 45-от круг, кога Ленс Строл и Ландо Норис се судрија, по што беше воведено безбедносното возило.
Луис Хамилтон и Чарлс Леклер го искористија овој момент за промена на своите гуми, Британецот зеде меки, додека возачот на Ферари премина на медиум гумите на Пирели.
Поредокот зад безбедносното возило беше Хамилтон, Ботас, Вертапен, Ветел, Леклер, додека Гасли сеуште беше на шестото место.
Очекувавме поголема борба по повлекувањето на БВ и рестартот на трката, но, Каталуња е тешка за претекнување, па редоследот остана непроменет.
Петнаесет круга подоцна Хамилтон ја премина целната линија за да ја забележи својата 76-та Ф1 Победа, а Валтери Ботас, го продолжи совршениот старт на сезоната за Мерцедес АМГ.
Макс Вертапен го забележа својот 24-ти подиум во кариерата, со финиш на трето место пред Ветел и Леклер, додека Гасли заврши како што започна, на шестото место.
Кевин Магнусен беше седми за Хас пред домашниот херој Карлос Саинц Јр. Даниел Квјат освои два бода за Торо Росо со деветто место, додека и покрај огромниот притисок врз Роман Грожан во завршните кругови, Алекс Албон не можеше да донесе двоен пласман за Торо Рос, по што Французинот конечно го освои првиот бод во оваа 2019 сезона со финиш на десеттото место.
Голема Награда на Шпанија, Каталуња. 66 круга, 310.238км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч35.50.443 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 4.074 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 7.679 |
4. | Себастијан Ветел | Ферари | + 9.167 |
5. | Чарлс Леклер | Ферари | + 13.361 |
6. | Пјер Гасли | Ред Бул | + 19.576 |
7. | Кевин Магнусен | Хас | + 28.159 |
8. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 32.342 |
9. | Данил Квјат | Торо Росо | + 33.056 |
10. | Роман Грожан | Хас | + 34.641 |
11. | Алекс Албон | Торо Росо | + 35.445 |
12. | Даниел Рикиардо | Рено | + 36.758 |
13. | Нико Хулкенберг | Рено | + 39.241 |
14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 41.803 |
15. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 46.877 |
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 47.691 |
17. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
18. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 1 круг |
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:18.492 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | судир |
20. | Ландо Норис | Мекларен | судир |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч41:05.155 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч41:12.555 2016 Макс Верстапен - Ред Бул - 1ч41:40.017 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч35:56.497 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч35:29.972 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч35.50.443 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 5/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 112 | |
2. | Валтери Ботас | 105 | |
3. | Макс Верстапен | 66 | |
4. | Себастијан Ветел | 64 | |
5. | Чарлс Леклерк | 57 | |
6. | Пјер Гасли | 21 | |
7. | Кевин Магнусен | 14 | |
8. | Серџо Перез | 13 | |
9. | Кими Раиконен | 13 | |
10. | Ландо Норис | 12 | |
11. | Карлос Саинц ЈР. | 10 | |
12. | Нико Хулкенберг | 6 | |
13. | Даниел Рикиардо | 6 | |
14. | Ленс Строл | 4 | |
15. | Алекс Албон | 3 | |
16. | Данил Квјат | 3 | |
17. | Роман Грожан | 1 | |
18. | Антонио Џовинаци | 0 | |
19. | Џорџ Расел | 0 | |
20. | Роберт Кубица | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 217 | |
2. | Ферари | 121 | |
3. | Ред Бул | 87 | |
4. | Мекларен | 22 | |
5. | Рејсинг Поинт | 17 | |
6. | Хас | 15 | |
7. | Алфа Ромео | 13 | |
8. | Рено | 12 | |
9. | Торо Росо | 6 | |
10. | Вилијамс | 0 |