Пред крајот на сесијата, инженерите на Ботас пронајдоа истекување на масло од неговиот болид, по што тој ја заврши сесијата пред време, но го задржа првото место на табелата.
Поголеми главоболки ќе имаат механичарите на Макс Верстапен кои, исто така, откриле истекување на маслото, но, медиумите од падокот во Барселона јавуваат дека тие морале да ја демонтираат Хонда ПЕ за да ја пронајдат причината.
Во последната минута од сесијата, Ленс Строл изгуби контрола врз болидот на Рејсинг Поинт, завршувајќи во заштитните бариери покрај 9-от свиок. Беа развеани црвените знамиња под кои и заврши сесијата. Канаѓанецот е добар, но, предниот дел на неговиот болид е сериозно оштетен.
Возачите на Ферари, Мекларен и Даниел Рикиардо од Рено добија нови ПЕ во утринските часови со кои тимовите очекуваат да додадат повеќе моќност, но и сигурност на нивните болиди.
Во тимот на Хас, новините беа монтирани само на болидот на Роман Грожан, додека Магнусен го возеше болидот од претходната конфигурација, со цел да се оцени дали новите делови функционираат според зацртаните параметри.
Французинот заврши на импресивното 5 место на табелата, но имаше неколку излетувања низ чакалот покрај патеката.
Вториот тренинг започнува во 15:00 часот и на кој се надеваме дека ќе покаже дека Ферари или пак Ред Бул имаат многу повеќе сила да се спротистават на Сребрените Стрели.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРЕНИНГ 1
2019 ШПАНИЈА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.951 | 19 | |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.067 | + 0.115 | 20 |
3 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.172 | + 0.221 | 20 |
4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.575 | + 0.624 | 22 |
5 | Роман Грожан | Хас | 1:18.943 | + 0.992 | 25 |
6 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:19.155 | + 1.204 | 31 |
7 | Кевин Магнусен | Хас | 1:19.180 | + 1.229 | 27 |
8 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:19.285 | + 1.334 | 30 |
9 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:19.364 | + 1.415 | 34 |
10 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:19.450 | + 1.499 | 25 |
11 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:19.511 | + 1.560 | 24 |
12 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:19.844 | + 1.893 | 14 |
13 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:19.855 | + 1.904 | 28 |
14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:20.021 | + 2.070 | 28 |
15 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:20.030 | + 2.079 | 25 |
16 | Ландо Норис | Мекларен | 1:20.067 | + 2.115 | 33 |
17 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:20.459 | + 2.508 | 26 |
18 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:20.591 | + 2.640 | 22 |
19 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:20.889 | + 2.938 | 27 |
20 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:20.990 | + 3.039 | 23 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - КАТАЛУЊА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.023
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:26.828 2016 Себастијан Ветел - Ферари - 1:23.951 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:21.521 2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:18.148 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.951 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |