Возачите на Ферари, Чарлс Леклер и Себастијан Ветел покажаа солидна брзина, но највената борба со Мерцедес АМГ ја немаше. Новите аеро надградби и новата Ферари ПЕ во нивниот болид ја изгубија предноста дури и на петочните тренинг сесии.
Ако судиме според претходните трки, Мерцедес АМГ е на прагот да го подобри рекордниот старт на 2019 сезоната со 5-та последователна 1-2 Победа.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, на чиј болид беше откриено истекување на масло на утринскиот тренинг, што доведе до предвремена промена на ПЕ со втората спецификација на Хонда ПЕ, која била закажана за вечерва, беше петти најбрз, со дефицит од 0.750 делови од секундата зад најбрзото време.
Во текот на сесијата тој се пожали на губење на моќта од ПЕ, по што беше повикан во својата гаража по комплетирањето на само 15 круга, и тој се врати на патеката во последните 15 минути од сесијата.
Болидите на Хас изгледаа доста брзо, барем во круговите кога нивните возачи успеваа да ги задржат на патеката. Роман Грожан успеа да ги раздели возачите на Ред Бул, со надградениот болид на Хас, додека неговиот тимски колега, Кевин Магнусен беше осми, зад вториот Ред Бул на Пјер Гасли, но со стара спецификација на нивниот болид. Американците покажаа потенцијал да бидат веднаш зад најбрзите два тима на двете тренинг сесии.
Веднаш зад нив со изедначени перформанси Карлос Саинц Јр. со Мекларен и Даниел Квјат со Торо Росо за комплетирање на Топ 10 пласманот.
Што се однесува до разликите во брзина помеѓу смешите на Пирели, нивните инженери велат дека разликата помеѓу медиум и меките е околу 0.8 секунди и 1.1 секунда помеѓу тврдите и медиум гуми.
Значи, Мерцедес АМГ како најголеми фаворити со прикажаното на денешните тренинг сесии ќе се подготвуваат за саботниот тренинг, 12:00 MK и Квалификациите, 15:00 MK. Останатите тимови се чини дека ќе имаат многу работа за да ги подготват своите болиди за останатиот дел од викендот.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРЕНИНГ 2
2019 ШПАНИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.284 | 35 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:17.333 | + 0.049 | 35 |
3 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:17.585 | + 0.301 | 42 |
4 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.673 | + 0.389 | 41 |
5 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:18.035 | + 0.751 | 30 |
6 | Роман Грожан | Хас | 1:18.153 | + 0.869 | 42 |
7 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:18.238 | + 0.954 | 34 |
8 | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.355 | + 1.071 | 40 |
9 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:18.658 | + 1.374 | 45 |
10 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:18.722 | + 1.438 | 40 |
11 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:18.727 | + 1.443 | 30 |
12 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:18.779 | + 1.495 | 44 |
13 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:18.839 | + 1.555 | 33 |
14 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:18.861 | + 1.577 | 43 |
15 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:18.934 | + 1.650 | 40 |
16 | Ландо Норис | Мекларен | 1:19.041 | + 1.757 | 43 |
17 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:19.427 | + 2.143 | 37 |
18 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:19.448 | + 2.164 | 40 |
19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:20.191 | + 2.907 | 38 |
20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:20.781 | + 3.497 | 23 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - КАТАЛУЊА
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.524
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.852 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:23.922 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.802 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.259 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.284 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |