Двајцата возачи на Скудерија Ферари, Себастијан Ветел и Чарлс Леклер, за прв пат ќе ја пробаат новата погонска единица што е поставена на SF90, надополнет со нови аеродинамични надградби, кои се дополнување на првата серија промени претставени во Баку пред две недели.
По вообичаените брифинзи за планирање на викендот со инженерите, Себастијан присуствуваше на официјалната прес-конференција на ФИА, јасно кажувајќи дека е подготвен за добра борба во Шпанија.
"Моралот и атмосферата во тимот се високи. Имаме нови надградби овде во Барселона, како дополнување на оние кои беа донесени во Баку и мислам дека можеме да бидеме конкурентни. Отсекогаш мислев дека имаме многу силен пакет, но ние само се боревме да го склопиме мозаикот за да бидеме најбрзи."
Моначанецот во тимот на Ферари го потврди ставот на својот тимски колега и желбата на сите во тимот да се вратат во игра за шампионските титули.
"Нема разочараност во нашите редови, ние сме обединети, а тоа може да го почувствувате во динамиката на тимот. Мислам дека ќе биде како со последните случувања во Лигата на шампионите, каде што ние ќе бидеме клубот кој ќе се врати од безнадежна ситуација. Нашиот тим ќе ги сврти работите по тешкиот почетoк на сезоната од гледна точка на резултатите. Ќе го дадеме најдоброто од нас."
Тркачкиот викенд во Шпанија започнува со првиот тренинг во 11 и вториот во 15 часот. Во сабота, квалификациите се закажани за 15:00 часот по последниот едночасовен тренинг, кој започнува точно на пладне. Големата Награда на Шпанија ќе стартува во недела во 15:10 часот.
СЕБ И ЧАРЛС: ВО БАРСЕЛОНА ДОЈДОВМЕ ПО ПРЕСВРТ
5/10/2019 10:31:00 AM
0
Share to other apps