Со своите 730 метри, правецот од стартната линија до првиот свиок е најдолг од сите патеки во календарот. Патеката е мешавина од средни и брзи свиоци, комплекс од свиоци кои се поминуваат со мала брзина и долги правци. Каталуња не е особено погодна за претекнување, дури и со помош на ДРС-системот.
Тоа е патека каде треба да се најде вистинскиот компромис меѓу аеродинамичкиот и механички грип и се смета како прва "нормална" патека на сезоната, која често обезбедува солидни показатели за целокупните перформанси на болидите.
Клучните области за брз круг во Барселона е доброто реагирање на хибридните компоненти на ПЕ во брзите свиоци, како што се тие со број 3 и 8 и да се задржи стабилноста на болидот при сопирање и шалтањето во помали брзини во побавните свиоци како што е тој со број 10.
Победник на 10 од последните 13 трки на оваа патеката е возачот кој ја освоил Пол позицијата, што подразбира дека квалификациите ќе бидат од исклучително значење.
Мерцедес АМГ доаѓаат во Шпанија како лидери во генералниот пласман на конструктори, со огромна предност пред тимовите на Ферари и Ред Бул, но сепак треба да се напомене дека разликите во перформанси на патеката се многу помали од тоа што го сугерираат табелите.
Возачкото дуо на Сребрените стрели, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, забележаа по две Победи и две втори места, но Финецот има еден поен предност, како резултат на забележаниот најбрз круг во Австралија.
Како што напоменавме претходно ова е местото каде болидите добиваат позначајни надградби, бидејќи се наоѓаат во близина на нивните фабрики. Надградби во областа на аеродинамиката и нова спецификација на својата ПЕ, ќе се воведат на болидот на Ферари на местото каде што тие импресионираа за време на пред сезонските тест сесии.
Притисокот за успешни надградби е голем, со оглед на фактот што веќе многу заостануваат во борбата за Титулите во двете категории на возачи и конструктори. Овој викенд, новата ПЕ на Ферари ќе мора да испорача перформанси веднаш по појавувањето на патеката.
Новата Ферари ПЕ нема да ја добијат тимотвите на Хас и Алфа Ромео, кои ќе продолжат да ја користат претходната верзија. Не е познато кога овие два тима ќе ја добијат надградената ПЕ, но голема е веројатноста тоа да се случи во Монтреал, како што првично беше планирано.
Она што важи за тимот на Ферари се однесува и за Ред Бул. Од Австрискиот тим најавуваат повеќе аеро надградби на својот болид, кои треба да ги размрдаат нивните позиции на гридот и се доближат што е возможно повеќе до врвот.
Со враќањето на Европско тло се најавува и враќањето на тимските мотодомови во својата целосна слава. Па така од Ред Бул по 14 сезони, нивниот мотодом ќе биде заменет со нов, кој се нарекува F1 Holzhaus, т.е. дрвена куќа.
Затоа, од Пирели ги номинираа најтврдите смеши во нивниот опсег, по втор пат оваа година по Бахреин. Белите гуми ќе бидат направени од C1 смешата, жолтите гуми ќе бидат направени од C2, додека црвените, најмеки гуми, ќе бидат направени од C3 смешата.
Изборот за годинашната ГН на Шпанија е направен за да им овозможи на возачите да притискаат до максимум од самиот почеток до крајот на секој стинт без прибегнување кон менаџирање на гумите.
Ова не е баш погодно за тимот на Ферари, поради неможноста да ги менаџираат нивните гуми, како и жедта на нивната ПЕ за гориво.
Ако се вистински шпекулациите, Мерцедес АМГ во Баку трката ја завршил со 7.5кг гориво, додека Италијанците при крајот ги користеле последните испарувања од резервоарот.
Според инженерите на Пирели овој избор треба да биде најдобриот за високо-енергетските потреби на патеката и најавеното топло време за време на тркачкиот викенд во Барселона.
Оваа година С1 смешата е малку помека од тврдата смеша за 2018 година, при што C2 е приближно еднаква на медиумот од 2018 година и C3 со меката од 2018 година.
Во вторник и среда по Големата Награда на Шпанија, ќе се одржи вториот сезонски тест. На него, Ферари и Рејсинг Поинт ќе имаат по два болиди на патеката за тестирање на 2020 прототип гумите на Пирели. Тоа ќе биде "слеп" тест, така што нивните возачите нема да знаат што точно тестираат.
Во услови кога повеќето организатори на трки во Ф1 календарот преговараат за продолжување на нивните договори, како на пример Каталуња, стигна неочекувана порака од Претседателот на Бразил, кој изјави дека се планира Интерлагос да замине во историјата, а веќе од следната сезона Бразилското ГП ќе се пресели во Рио де Жанеиро, на патека која допрва треба да се изгради во овој град.
Тој објави дека е потпишан договор со гувернерот и градоначалникот на Рио за изградба на нова патека. Планот е да се заврши новата патека пред крајот на оваа година, а нејзината изградба целосно ќе се финансира од приватниот сектор. Се планира патеката да го ноци името на Ф1 великанот, Аиртон Сена.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Претежно Сончево, 20/23°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно Сончево, 22/24°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Претежно Сончево, 21/25°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Претежно Сончево, 21/24°C | |
ТРКА | 15:10 MK | Претежно Сончево, 20/22°C | |
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Точка на најголемо оптеретување на сопирачките.
Од осумте точки за сопирање на патеката Каталуња, две се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, три се со средна тешкотија и три се лесни. За разлика од сите други патеки, на оваа нема ниту еден свиок во кој сопирачките се користат помалку од една секунда.Најтешкиот дел за сопирање е 10-от свиок, кога болидите од 319км/ч намалуваат до 79км/ч за време од 2.9 секунди и растојание од 129 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 196 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на 5.2Г при забавување.
Понизок степен на забавување е регистриран во првиот свиок, каде болидите пристигнуваат со брзина од 325км/ч и притискаат на сопирачките само 2,01 секунди, и растојание од 119 метри. Друг критичен дел за сопирање е 4-от свиок, бидејќи во само 105 метри болидите од 299км/ч треба да намалат на нешто над 160км/ч.