Луис Хамилтон ќе ја чека својата шанса од втората позиција, со огромен заостаток од 0.634 делови од секундата зад неговиот тимски колега, но со шанси се да промени по првиот свиок на утрешната трка која започнува во 15:10 часот.
Себастијан Ветел, го забележа третото најбрзо време пред Макс Верстапен, двајцата со огромно заостанување од речиси една секунда зад Финецот, а болидите на Ферари и Ред Бул не беа во можност да се вмешаат во борба за Пол позицијата.
Вторите нивни возачи, Чарлс Леклер и Пјер Гасли ќе стартуваат од третиот ред, пред возачите на Хас кои се пласираа веднаш зад нив, со Роман Грожан пред Кевин Магнусен.
Топ 10 пласманот го комплетираа Даниел Квјат и неочекувано, Даниел Рикиардо со болидот на Рено. Велиме неочекувано, бидејќи Австралијанецот за само неколку илјадитинки од секундата успеа да се пласира на 15-тото место во Q1 сесијата во однос неговиот тимски колега, Нико Хулкенберг.
Германецот прво имаше излетување, по што го оштети предното крило од заштитните бариери, што го чинеше драгоцено време и предно крило со стари спецификации. Потоа, Хулкенберг не можеше да забележи време за поминување на Q1 сесијата, што веќе е трет пат од петте трки досега оваа сезона.
На дното од табелата, Џорџ Расел нема конкуренција кога е во прашање неговиот тимски колега, Роберт Кубица, возејќи секунда побрз круг од Полјакот.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ - НАСКОРО
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ШПАНИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.406 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.040 | + 0.634 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:16.272 | + 0.867 |
4. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:16.357 | + 0.951 |
5. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:16.588 | + 1.182 |
6. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:16.708 | + 1.302 |
7. | Роман Грожан | Хас | 1:16.911 | + 1.505 |
8. | Кевин Магнусен | Хас | 1:16.922 | + 1.516 |
9. | Данил Квјат | Торо Росо | 1:17.573 | + 2.167 |
10. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:18.106 | + 2.700 |
Q2 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:15.924 | ||||
11. | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.338 | + 1.414 |
12. | Алекс Албон | Торо Росо | 1:17.445 | + 1.521 |
13. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:17.599 | + 1.675 |
14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.788 | + 1.864 |
15. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.886 | + 1.962 |
Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:16.979 | ||||
16. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:18.404 | + 1.425 |
17. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:18.471 | + 1.492 |
18. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.664 | + 1.685 |
19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:19.072 | + 2.093 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:20.254 | + 3.275 |
107% време: 1:22.367 | ||||
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - КАТАЛУЊА 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.232 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:24.681 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:22.000 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:19.149 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.173 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:15.406 | ||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
НАЈБРЗИОТ КРУГ НА ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
СПОРЕДБА БОТАС vs ВЕТЕЛ