Валтери Ботас со фантастичен круг стигна до Пол позицијата во Барселона, деветта во неговата Ф1 кариера, трета во 2019 сезоната и прва на патеката Каталуња. Луис Хамилтон ќе ја започне утрешната ГН на Шпанија од втората позиција на гридот. Себастијан Ветел ќе стартува од вториот ред, заедно со Макс Верстапен. Сите топ 10 возачи ќе ја започнат трката на црвените гуми.
Валтери Ботас: "Се чувствувам навистина добро. Со секое излегување на патеката во квалификациите, успеав да најдам простор за подобрување, трошка таму, трошка тука, и успеав се да комплетирам во Q3 и имав многу брз прв круг. Мислам дека надградбите што го донесовме во Барселона работат многу добро, болидот беше многу моќен, особено во 3-от сектор."
"Целокупната заслуга за тоа оди на тимот, им благодарам на сите дома во Брекли и Бриксворт. Нашето тркачко темпо изгледаше добро во петокот, но многу нешта може да се случат во недела, а стартот и првиот свиок ќе бидат особено важни. Утре, Јас и Луис, двајцата ќе сакаме да победиме, па со нетрпение очекувам тешка и фер борба."
Луис Хамилтон: "Денес не бев доволно брз и не можев да го извлечам целосниот потенцијал од болидот. Се борев со него за време на досегашниот тек на викендот, па ќе морам да ги разгледам деталите, да сфатам како можам да го подобрам темпото и да продолжам да работам. Валтери имаше добра квалификациска сесија и направи одлична работа, па тој ја заслужи Пол позицијата."
"Нашето тркачко темпо изгледаше доста добро, па се надевам дека ние утре ќе бидеме силни. Моите стартови досега во оваа сезона беа прилично добри, па се надевам дека тоа ќе продолжи и во недела, бидејќи не е толку лесно да се престигнува на оваа патека."
Себастијан Ветел: "Ние сме среќни, но не сме среќни. Со тоа, мислам дека болидот е добро избалансиран и мислам дека надградбите што ги донесовме помогнаа во управливоста на болидот. Сепак, очигледно е дека ние сме не онаму каде што сакаме да бидеме, бидејќи ние сме многу брзи на правците, но губиме премногу време низ побавните свиоци."
"Резултатот од сето тоа е дека ние не сме напред и затоа мораме да продолжиме да работиме напорно. Сепак, мислам дека со добро избалансиран болид, ние може да имаме добра трка, па јас утре ќе бидам подготвен да го дадам максимумот."
ИЗЈАВИ НА НАЈБРЗИТЕ ТРОЈЦА ВОЗАЧИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
5/11/2019 08:31:00 PM
0
Tags
Share to other apps