Кога во 2020 година ќе се одржува трката, тоа ќе биде 31 Гран При во историјата на Формула 1 шампионатот. За првпат тука беше одржана трка во далечната 1952 година, кога победник беше Алберто Аскари, со болидот на Ферари. Освен Италијанецот, имаше уште 19 победници, од кои 12 беа Ф1 Шампиони. Џим Кларк го држи рекордот со четири победи зад неговото име. Последната трка за Холандското ГП се одржа во 1985 година.
НОВА ТРКА ВО КАЛЕНДАРОТ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА
5/15/2019 11:15:00 AM
0
Формула 1 и официјално го објави враќањето на Големата Награда на Холандија во календарот на овој Шампионат од следната година и ќе трае најмалку три години. Промоторите на оваа трка која ќе се вози на патеката Зандворт се компаниите SportVibes, TIG Sports и самата патека. Покрај тоа, Хајнекен, еден од долгогодишните партнери на Формула 1, ќе биде главен спонзор на настанот.
Оваа позната патеката во Холандија има долга, но далечна историја во Формула 1, па во текот на следните месеци, таа треба да биде модернизирана со цел да се исполнат стандардите што ги побарува ФИА за да се биде домаќин на Гран При трка во врвниот мотоспорт.
Кога во 2020 година ќе се одржува трката, тоа ќе биде 31 Гран При во историјата на Формула 1 шампионатот. За првпат тука беше одржана трка во далечната 1952 година, кога победник беше Алберто Аскари, со болидот на Ферари. Освен Италијанецот, имаше уште 19 победници, од кои 12 беа Ф1 Шампиони. Џим Кларк го држи рекордот со четири победи зад неговото име. Последната трка за Холандското ГП се одржа во 1985 година.
Кога во 2020 година ќе се одржува трката, тоа ќе биде 31 Гран При во историјата на Формула 1 шампионатот. За првпат тука беше одржана трка во далечната 1952 година, кога победник беше Алберто Аскари, со болидот на Ферари. Освен Италијанецот, имаше уште 19 победници, од кои 12 беа Ф1 Шампиони. Џим Кларк го држи рекордот со четири победи зад неговото име. Последната трка за Холандското ГП се одржа во 1985 година.
Share to other apps


