Сепак, денес имаше достоен противник во Бајтске Визер, која беше на врвот од табелата во поголемиот дел од сесијата, за на крај да биде победена за само 0.116 делови од секундатa.
Двете натпреварувачки ќе стартуваат од првиот ред на трката која е закажана за 16:10 часот, со најавен директен пренос на нивните официјални Твитер и ФБ профили.
Од вториот ред ќе стартуваат Алис Пауел, заедно со Марта Гарсија, која своето најбрзо време и драстично подобрување на табелата го забележа при крајот на квалификациите.
На денешните квалификации ја немаше Ема Кимиланен од здравствени причини, па беше заменета со Вивиен Кеслеј од Унгарија, со што двете резервни натпреварувачки добија шанса за настап.
Ема Кимилаинен: "Јас решив да ги почитувам советите од медицинскиот тим на Hintsa Performance, иако очигледно сум фрустрирана што денес нема да се натпреварувам. Вчера се натпреварував и многу се радував на денешната трка. Меѓутоа, во текот на вчерашниот ден стана јасно дека мојот инцидент од првата трка во Хокенхајм предизвика обнова на стара повреда. Се надевам дека ќе се вратам во Фармула Ж болидот во Мисано во почетокот на јуни."
| ЗОЛДЕР - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ДРЖАВА | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Џејми Чадвик | В.Британија | 1:28.681 | |
| 2 | Бајтске Визер | Холандија | 1:28.797 | + 0.116 |
| 3 | Алис Пауел | В.Британија | 1:29.122 | + 0.441 |
| 4 | Марта Гарсија | Шпанија | 1:29.131 | + 0.450 |
| 5 | Сара Мур | В.Британија | 1:29.455 | + 0.774 |
| 6 | Фабиен Волвенд | Лихтенштајн | 1:29.498 | + 0.817 |
| 7 | Тасмин Пепер | ЈАР | 1:29.540 | + 0.859 |
| 8 | Есми Хоки | В.Британија | 1:29.657 | + 0.976 |
| 9 | Вики Пириа | Италија | 1:29.828 | + 1.147 |
| 10 | Гоша Рдест | Полска | 1:29.850 | + 1.169 |
| 11 | Кејтлин Вуд | Австралија | 1:30.089 | + 1.408 |
| 12 | Наоми Шиф | Германија | 1:30.157 | + 1.476 |
| 13 | Мики Којама | Јапонија | 1:30.207 | + 1.526 |
| 14 | Џесика Хокинс | В.Британија | 1:30.216 | + 1.535 |
| 15 | Шеј Холбрук | Америка | 1:30.259 | + 1.578 |
| 16 | Вивиен Кеслеј | Унгарија | 1:30.691 | + 2.010 |
| 17 | Сејбр Кук | Америка | 1:30.744 | + 2.063 |
| 18 | Меган Гилкс | Канада | 1:30.878 | + 2.197 |
| 19 | Сара Бови | Белгија | 1:31.463 | + 2.782 |
110% време: 1:37.549
|
||||
ИСТОРИЈА - #WRace2 - Золдер
2019 Џејми Чадвик - 1:28.681
|
||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
||||




