Холанѓанката за малку ја испушти првата стартна позиција на квалификациите, но со одличен старт го капитализираше познавањето на оваа патека, за да го преземе водството по првиот свиок.
Кратко по стартот на трката, со комплетирани неколку свиоци беше воведено безбедносното возило, откако болидот на Сара Бови на крајот од формацискиот круг започна да испушта многу чад, па Белгијката не успеа да се постави на својата, последна стартна позиција.
По рестартот на трката Џејми Чадвик се обиде да нападне, но Бајтске Висер успешно се одбрани и го задржа првото место.
Набрзо потоа, следуваше ново влегување на БВ како резултат на инцидентот во кој учествуваа Есми Хоки, Гоша Рдест. Есме Хоки се обиде со храбар, но крајно ризичен потег да ја престигне Полјакината Рдест, по што следуваше крај на трката за овие две натпреварувачки.
Речиси во исто време имаше судир од помал карактер помеѓу Сејбр Кук и Вивиен Кеслеј, во кој подебелиот крај го извече Унгарката, заврши во чакалот покрај патеката, по што и за нејзе беше завршена трката, на која доби неочекувана шанса за настап, како замена за Ема Кимилаинен.
Висер го задржа водството и по вториот рестарт на трката и одржуваше константна предност од 1.5-2 секунди над лидерот во шампионатот Џејми Чадвик, но по грешката на Британката на неколку минути до крајот на трката таа својата предност ја зголеми на нешто повеќе од 8 секунди.
По направената грешка, Чедвик се најде под притисок за второто место од страна на нејзината сонародничка, Алис Пауел. Пауел, успеа да ја претекне Чадвик, но лидерот во шампионатот со сите сили настојуваше да го врати изгубеното второ место.
Нивниот дуел, еден од поинтересните што сме го гледале во последно време, траеше речиси еден и пол круг со битка тркало до тркало низ повеќето свиоци, за да во претпоследниот круг биде решен во корист на натпреварувачката со број 55.
Марта Гарсија, која на трката во Хокенхајм беше на подиумот, повторно беше блиску до него, но, немаше посериозни шанси да се обиде да нападне, па, на крај мораше да се задоволи со пласман на четвртото место, откако успешно го одбрани од Сара Мур во раниот дел од трката.
Сара Мур, при крајот на трката беше принудена да го сврти вниманието кон одбрана на 5-тото место од Тасмин Пепер и Фабиен Волвенд во тројната битка за петтото, шестото и седмото место.
Јапонката, Мики Којама, повторно се покажа во одлично светло и импресивни можности за претекнување во трка, но, слабите настапи во квалификациите и старт на трките во долниот дел на гридот ја чинат шанса да се замеша во битка за врвот. Денес, таа стартуваше од 13-тата позиција и заврши на осмото место.
Вики Пириа беше деветта, одржувајќи ја предноста во борбата против Наоми Шиф, која го комплетираше Топ 10 пласманот кој носи поени.
Следната трка од Формула Ж Шампионатот се вози на 7-8 Јуни на патеката Мисано, Италија.
| 2019 Формула Ж - #WRace2 - Золдер 30 минути + 1 круг, Време: Сончево. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | БРОЈ | ВРЕМЕ |
| 1. | Бајтске Висер | 95 | 32:28.495 |
| 2. | Џејми Чадвик | 55 | + 8.451 |
| 3. | Алис Пауел | 27 | + 9.084 |
| 4. | Марта Гарсија | 19 | + 12.279 |
| 5. | Сара Мур | 26 | + 12.739 |
| 6. | Тасмин Пепер | 31 | + 13.185 |
| 7. | Фабиен Волвенд | 5 | + 13.973 |
| 8. | Мики Којама | 85 | + 17.654 |
| 9. | Вики Пириа | 11 | + 25.871 |
| 10. | Наоми Шиф | 99 | + 26.937 |
| 11. | Кејтлин Вуд | 20 | + 29.596 |
| 12. | Шеј Холбрук | 67 | + 30.859 |
| 13. | Џесика Хокинс | 21 | + 39.274 |
| 14. | Меган Гилкс | 49 | + 47.415 |
| 15. | Сејбр Кук | 37 | + 58.053 |
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 16. | Гоша Рдест | 3 | судир |
| 17. | Есми Хоки | 2 | судир |
| 18. | Вивиен Кеслеј | 77 | судир |
| 19. | Сара Бови | 58 | дефект |
| 2019 Бајтске Висер - Холандија @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 2/6*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Џејми Чадвик | 43 | |
| 2. | Бајтске Висер | 37 | |
| 3. | Алис Пауел | 33 | |
| 4. | Марта Гарсија | 27 | |
| 5. | Сара Мур | 20 | |
| 6. | Фабиен Волвенд | 14 | |
| 7. | Тасмин Пепер | 12 | |
| 8. | Мики Којама | 10 | |
| 9. | Вики Пириа | 2 | |
| 10. | Гоша Рдест | 2 | |
| 11. | Кејтлин Вуд | 1 | |
| 12. | Наоми Шиф | 1 | |
| 13. | Џесика Хокинс | 0 | |
| 14. | Сејбр Кук | 0 | |
| 15. | Шеј Холбрук | 0 | |
| 16. | Есми Хоки | 0 | |
| 17. | Ема Кимилаинен | 0 | |
| 18. | Меган Гилкс | 0 | |





