Возачот на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон го забележа најбрзиот круг извозен на патеката Монте Карло со најмеката 2019 смеша на Пирели, која носи ознака С5, со што се квалификуваше пред неговиот тимски колега Валтери Ботас, и Макс Верстапен со Ред Бул. На Британецот наградата на Пирели за Пол позиција му беше доделена од Сер Џеки Стјуарт, основач на добротворната организација "Трка против деменција", и поранешен Формула 1 возач.
Теоретски, најбрзата стратегија за ГН на Монако, која се состои од 78 круга е едно застанување за промена на гумите. Ниската деградација и абење на гумите на оваа ниско-енергетск патека, овозможува широк пит-стоп прозорец. Значи, најбрзата стратегија е да се стартува на црвените гуми, а потоа да се премине на белите, тврди гуми во било кој период помеѓу круговите 10 и 22, според тактичките потреби на секој тим. Овој широк прозорец, исто така, значи дека тимовите потенцијално би можеле максимално да го искористат влегувањето на БВ, што во Монако има голема веројатност да се случи.
Малку побавна стратегија е да се стартува на црвените гуми и потоа да се премине на медиумот, жолти гуми во кој било период помеѓу круговите 18 и 25. Очигледно, ова бара малку поголемо менаџирање со гумите, бидејќи вклучува поголем стинт на помеката смеша.
Помалку веројатна стратегија е со две менувања на гумите, која би била релевантна само ако деградацијата на меките, црвени гуми е поголема од очекуваната, можеби со повисоки температури. Во тој случај, ќе имаме два пит-стопа со стинтови од 10-12 круга на црвени гуми, и последен стинт со тврдите гуми на Пирели.
Бидејќи во Монте Карло е многу тешко да се престигнува, стартот на трката често е најдобрата можност. Меката смеша, т.е. црвените гуми треба да помогнат во тоа. Сите топ 10 возачи ќе ја стартуваат трката на црвените гуми, па мала е веројатноста дека некој од возачите ќе има поголема предност при стартот на трката.
Марио Изола, Пирели: "Меката гума беше искористена од почеток до крајот на квалификациите, кои се одржаа во малку потопли услови во споредба со претходните денови. На трката очекуваме едно застанување во бокс, ако не се случи нешто неочекувано или има поголема деградација отколку што се очекува за меката гума. Во зависност од тоа која стратегија ќе ја изберат возачите, може да има одреден степен на менаџирање со гумите, на пример, со долг почетен стинт на црвените гуми, или долг втор стинт на медиумот. Стратегијата тука често е под влијание на безбедносното возило, така што тоа може да стане одлучувачко за исходот и финалниот пласман на возачите."
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА МОНАКО ГП
5/26/2019 10:58:00 AM
0
Share to other apps





