Во Виена, во катедралата Свети Стефан, се одржа проштална миса за Ники Лауда, кој почина на 20 мај. Илјадници обожаватели, стоејќи на дожд, беа во можност да му оддадат почит на трикратниот Формула 1 Шампион.
Со одлука на семејството, фотографирање и снимање за време на мисата беа забранети. Во катедралата, исто така, имаше венец од семејството на Михаел Шумахер. На него беше напишано: Еден ден ќе се сретнеме повторно. Вашиот Шумахер.
Прошталната миса, започна во среда, во 13 часот, и на неа присуствуваа многу познати личности од светот на Формула 1. Меѓу присутните беа: Луис Хамилтон, Тото Волф, Хелмут Марко, Дејвид Култхард, Ален Прост, познатиот физиотерапевт Јозеф Лебер, Жан Тод, Чејс Кери, Рос Браун, Нелсон Пике, Жан Алези, Кристијан Хорнер, Артуро Мерзарио, еден од оние кои во 1976 година го извадиле Лауда од запалениот болид во Нирбургринг, Џеки Стјуарт, Герхард Бергер, Алекс Вурц, Нико Розберг, Најџел Менсел, Валтери Ботас, Матија Биното, Франц Тост, Флавио Бријаторе, Стефано Доменикали, Отмар Шафнауер, Клер Вилијамс, Марк Вебер, Гинтер Штајнер, Џорџ Расел, Арнолд Шварценегер, Даниел Брил, кој го играше Лауда во филмот "RUSH", и многу други австриски спортисти, пејачи и политичари.
По завршувањето на мисата, погребната поворка со ковчегот на Лауда, кој беше придружуван од членовите на семејството, Жан Алези, Нелсон Пике, Луис Хамилтон, Нико Розберг, Валтери Ботас, Ален Прост и Герхард Бергер се упати кон гробиштата Неустифер, каде што е погребана мајката на австрискиот шампион.
Ники Лауда беше погребан во шампионскиот комбинезон на Ферари, по негова желба. Животната приказна на Ники Лауда е завршена, ќе остане сеќавањето на еден од најголемите возачи во Формула 1 Шампионатот.
ВО ВИЕНА ПОГРЕБАН НИКИ ЛАУДА
5/30/2019 12:23:00 PM
0
Tags
Share to other apps












