Долго време се шпекулира дека Порше се подготвува да се врати во Формула 1, па најновата вест дека изградиле прототип V6 мотор кој треба да одговара на Формула 1 правилата планирани за 2021 година, покажува дека нивните намери биле реални.
Но, доаѓа аферата "дизелгејт" на Фолксваген, чија групација го вклучува и брендот Порше, што заврши со парична казна од 600 милиони долари. Минатата година, Волфганг Хац (архитект на програмата LMP1 на Порше) помина девет месеци во германски затвор, иако тој допрва треба да се соочи со судење.
Значи, можете да видите зошто Порше излезе од трките на издржливост, за потоа да одлучи од идната година да се приклучи на Формула Е Шампионатот, кој носи пораки на нула штетни емисии.
Со тоа се чини дека Ф1 амбициите на Порше повторно се ставаат во втор план, освен ако со оваа најнова вест не е политички потег насочен кон добивање на нешто што го посакуваат во иднина, во новите Ф1 правила кои се уште ги очекуваме.
ПОРШЕ И ФОРМУЛА 1
6/01/2019 07:51:00 PM
0
Share to other apps

