Валтери Ботас го предводеше 1-2 пласманот на Мерцедес АМГ во квалификациите за Големата Награда на Шпанија, воедно поставувајќи нов рекорд на патеката Каталуња. Од почеток до крај на трите квалификациски сесии, од страна на сите возачи беа користени црвените гуми на Пирели. На Финецот му беше доделена Пирели наградата за освоената Пол позицијата, по трет пат оваа година, од страна на звездата на WWE шампионатот, Cesaro, едно од најголемите имиња во американското борење.
Според инженерите на Пирели, за Шпанското Гран При од 66 круга, најбрза стратегија на хартија е со две застанувања во бокс. Стратегијата е следна, старт на црвените гуми со стинт од 22 круга, потоа уште еден стинт на црвените гуми од 23 круга, и за крај стинт на медиум, жолтите гуми.
Сепак, како што често се случува, тимовите најверојатно ќе се стремат кон едно застанување во бокс, особено поради тоа што е доста тешко да се престигнува во Барселона. Во тој случај, теоретски најбрза стратегија би било да се започне со црвените гуми во стинт од 27 круга, внимателно да се менаџираат, а потоа да се сменат со белите гуми до крајот на трката.
Помалку веројатна стратегија, која е сосема блиска за целокупното време на трката, е да започне на медиумот гумите со стинт од 30 круга, а потоа да се премине на тврдата смеша за последните 36 круга. Сепак, никој во топ 10 на гридот не одлучи да ја започне трката на жолтите гуми, што би можело да значи дека се разгледува опцијата со две застанувања во бокс.
Како и секогаш, многу од ова ќе зависи од температурите за време на трката, што ќе има директно влијание врз абењето и деградацијата на меките гуми. Времето во Барселона е прилично променливо.
На патеката Каталуња, најоптоварена е предната лева гума, но, менаџирањето со деградацијата на задните гуми исто така ќе биде критично. Треба да се внимава на двата болиди на Хас, кои се пласираа во најбрзите 10 и покажаа силно темпо за време на досегашниот тек на викендот. Ландо Норис, возачот на Мекларен, кој ќе стартува од 11-тата позиција, е првиот возач кој има слободен избор на гуми за утрешниот старт, па може да одлучи да ја започне трката на медиум смешата.
Марио Изола, Пирели: "Како што мислевме, ова беше исклучително брза квалификациска сесија, со што Ботас го подобри времето од минатогодишната Пол позиција за повеќе од половина секунда и постави нов рекорд на патеката."
"Сметавме дека некои возачи би можеле да се обидат да ја поминат Q2 сесијата на медиум гумите, но, тоа не се случи, што значи дека повеќето од нив размислуваат за две застанувања во бокс, или пак се чувствуваат сигурни дека стратегијата меки-тврди гуми ќе работи успешно."
"Ќе биде интересно да се види која опција ќе ја изберат и дали алтернативна стратегија на стартерите надвор од топ 10 би можела да го оспори нивното размислување. Денес, метеоролошките услови варираа и тоа може да биде уште еден фактор што влијае врз ефикасноста на гумите."
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ГН ШПАНИЈА
5/11/2019 11:17:00 PM
0
Share to other apps