Матија Биното, тимскиот шеф на Ферари најави нова ПЕ на Италијанскиот тим: "Ние во моментов заостануваме во шампионатот и мора да напредуваме повеќе, што значи дека нашата развојна работа ќе биде клучот за оваа сезона."
"Откако донесовме нов аеродинамичен пакет во Баку, ние исто така ќе донесеме нови делови во оваа област и во Барселона. Згора на тоа, ќе имаме нова спецификација на ПЕ што ја воведуваме пред предвиденото нејзино појавување на Канадското ГП."
"Шел, во тесна соработка со нашиот тим, разви поинаква формулација на лубрикант за трка, кој исто така ќе се воведе со новата ПЕ, со што ќе се зголемат перформансите. Се тоа е резултат на големиот тимски напор од сите инволвирани страни за што поголем напредок."