Следуваат со големо заостанување, за вака кратка патека, Себастијан Ветел со Ферари, Пјер Гасли со Ред Бул и изненадувањето на оваа сесија, Алекс Албон со Торо Росо.
Минатата година, на оваа патека, возачот од Тајланд ја освои Пол позицијата во Ф2 шампионатот, денес беше во рамките на една секунда од Хамилтон и девет места пред неговиот тимски колега, Даниел Квјат, кој беше 14-ти.
Макс Верстапен го имаше 6-тото најбрзо време, но, немавме соодветна можност да го дознаеме неговиот максимален потенцијал, бидејќи по само 10 комплетирани круга тој беше повлечен во гаражата на Ред Бул, со тоа што механичарите напорно работеа поправка на неговиот болид, кој испушташе вода. Холанѓанецот се врати на патеката на неколку минути пред крајот на тренингот.
Кевин Магнусен уште еднаш со добар пласман со болидот на Хас, завршувајќи на 7-то место, додека Антонио Џовинаци импресионираше со пласман на осмото место, пред искусниот тимски колега, Кими Раиконен и Чарлс Леклер со Ферари, кој не успеа да извози добар брз круг и заврши на 10-тото место на табелата.
Ферари има огромни проблеми со издржливоста на црвените гуми, недоволниот механички грип, па победничкиот подиум тешко да биде достапен за нивните возачи.
На асфалтот во Монте Карло лошо се покажаа болидите на Рејсинг Поинт и Вилијамс, што не е некое изненадување, но лошата форма на Рено и пласманот на нивните возачи, Нико Хулкенберг и Даниел Рикиардо, е непријатно изненадување на многубројните нивни и фанови на Францускиот тим.
Традицијата во Монте Карло налага дека следува слободен ден за Ф1 тимовите, пред продолжување на акцијата во сабота, со последната шанса за подесување на болидите на саботниот тренинг за што подобар пласман на Квалификационата сесија.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРЕНИНГ 2 - НАСКОРО
| 2019 МОНАКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:11.118 | 40 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:11.199 | + 0.081 | 47 |
| 3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:11.881 | + 0.763 | 41 |
| 4 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:11.938 | + 0.820 | 38 |
| 5 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:12.031 | + 0.915 | 50 |
| 6 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:12.052 | + 0.934 | 16 |
| 7 | Кевин Магнусен | Хас | 1:12.174 | + 1.056 | 53 |
| 8 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:12.239 | + 1.121 | 50 |
| 9 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:12.342 | + 1.224 | 50 |
| 10 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:12.350 | + 1.232 | 41 |
| 11 | Роман Грожан | Хас | 1:12.392 | + 1.274 | 50 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:12.393 | + 1.275 | 26 |
| 13 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:12.419 | + 1.301 | 46 |
| 14 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:12.577 | + 1.459 | 38 |
| 15 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:12.752 | + 1.634 | 43 |
| 16 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:12.872 | + 1.754 | 48 |
| 17 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:12.888 | + 1.770 | 52 |
| 18 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:14.558 | + 3.440 | 39 |
| 19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:15.052 | + 3.934 | 36 |
| 20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:15.146 | + 4.028 | 44 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - МОНТЕ КАРЛО
2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:18.842
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:17.192 2016 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:14.607 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:12.720 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:11.841 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.118 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||




