Тимот на Вилијамс официјално објави дека Џејми Чадвик,21, се приклучи на нивната Академија за млади возачи во улога на Развоен возач. Британката во моментов се натпреварува во Формула Ж шампионатот и беше инаугуративен победник на првата трка во Хокенхајм.
Како развоен на возач, Џејми ќе биде целосно ангажирана во тимот, како и во фабриката во Гроув. Покрај интензивната работа на нивниот симулатор, таа ќе присуствува на три европски трки, почнувајќи од Големата Награда на Велика Британија, и ќе го поддржи тимот во голем број медиумски и маркетинг активности.
Вилијамс има традиција на препознавање на талент и доведување на млади возачи во Формула 1 и развивање на нивниот талент. Џенсон Батон, Нико Розберг, Дејвид Култхард, Нико Хулкенберг и Валтери Ботас ја започнаа својата Ф1 кариера со Вилијамс. Џејми се приклучи на Николас Латифи, резервен возач на тимот и член на академијата за млади возачи.
Џејми Чадвик изјави: "Голема чест е да се приклучам на Академијата на млади возачи на Вилијамс, а времето поминато на нивниот симулаторот ќе биде фантастична можност за мојот понатамошен развој. Со нетрпение очекувам да поминувам одредено време во фабриката во Гроув, да се вклопам во тимот и да помагам каде и да можам. Да се биде дел од Академијата за возачи е неверојатна платформа и јас возбудено го очекувам почетокот на соработката."
Клер Вилијамс, заменик-директор на тимот,, коментираше; "Воодушевена сум што можам да потврдам дека Џејми Чадвик се приклучи на Вилијамс Академијата за возачи во улога на Развоен возач."
"Имав задоволство да ја гледам во живо на трката во Хокенхајм, каде што таа ја забележа Победата во инаугуралната сезона на Формула Ж. Заедно со нејзините обврски, Џејми ќе преземе дел од работата на нашиот тркачки симулатор, ќе биде ангажирана и во фабриката со тимот и ќе учествува во маркетинг активности."
"Промовирањето на жените во мотоспортот е исклучително важно и со Џејми, како дел од нашата Академија за возачи, се надеваме дека ќе ги инспирира младите девојки да се приклучат кон овој спорт од млади години. Се надеваме дека ќе покажеме дека мотоспортот е инклузивен и возбудлив, било да е тоа како возач или од неговата техничка страна. Џејми е одличен талент и со нетрпение очекувам да работам со неа."
ЏЕЈМИ ЧАДВИК СЕ ПРИКЛУЧИ НА ВИЛИЈАМС КАКО РАЗВОЕН ВОЗАЧ
5/20/2019 05:44:00 PM
0
Share to other apps



