ЌЕ ИМАМЕ ТАЖЕН ВИКЕНД ВО МОНТЕ КАРЛО, ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ НИКИ ЛАУДА, 70, ТРИКРАТЕН ФОРМУЛА 1 ШАМПИОН!!!
Ники Лауда ги освои шампионските титули во 1975 и 1977 година со Ферари и повторно во 1984 со Мекларен. Тој се сметаше за еден од најдобрите Ф1 возачи и неговата упорност и желба за тркање ќе остане запаметена кога на 1976 Германското ГП имаше инцидент во кој заврши со тешки изгореници, но веќе за шест недели се врати на трките.
Во официјалното соопштението на неговото семејство се вели: "Со длабока тага, објавуваме дека нашиот сакан Ники мирно почина со своето семејство во понеделник."
RIP NIKI LAUDA 1949-2019
5/22/2019 01:43:00 PM
0
Tags
Share to other apps



