Чарлс Леклер, тимскиот колега на Германецот, го забележа третото најбрзо време, со релативно високо заостанување од 0.680 делови од секундата.
Луис Хамилтон го забележа својот 10-ти пласман на првиот стартен ред во Канада, со што го изедначи овој рекордот со Михаел Шумахер во Сузука.
Возачите на Ферари и Мерцедес АМГ се единствените кои утрешната трка ќе ја започнат на жолтите, медиум гуми во топ 10, што ќе им овозможи подолг почетен стинт.
Зад најбрзите тројца возачи, видовме фантастичен брз круг на Даниел Рикиардо, кој му донесе пласман на четвртата позиција со болидот на Рено, што претставува најдобра стартна позиција за овој тим, досега во оваа 2019 сезона, но, со заостанување од 0.831 секунди зад времето на Ветел.
Следуваат, Пјер Гасли на 5-тата и вториот Мерцедес на Валтери Ботас на 6-тата позиција. Финецот при неговиот прв брз круг имаше незгодно извртување, што можеби го принуди да игра на сигурно при вториот негов обид.
Вториот Рено на Нико Хулкенберг беше седми, пред двата Мекларена на Ландо Норис и Карлос Саинз Јр., што значи дека сите четири болиди придвижувани од Рено ПЕ беа со Топ 10 пласман.
Кевин Магнусен беше 10-ти, и покрај тоа што не беше во можност да се појави во Q3 сесијата, по непријатното искуство со ѕидот на шампионите и стравичниот судир со бариерите од другата страна на патеката.
Тоа се случуваше во последните моменти од Q2, што ги оневозможи Макс Верстапен и Роман Грожан да го комплетираат нивниот брз круг за пласман во финалниот сегмент од квалификациите.
Големата Награда на Канада започнува утре, Недела, во 20:10 часот по македонско време. Директен пренос на 24 Вести!!!
ВИДЕО РЕЗИМЕ
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КАНАДА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:10.240 | |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:10.446 | + 0.206 |
| 3. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:10.920 | + 0.680 |
| 4. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:11.071 | + 0.831 |
| 5. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:11.079 | + 0.839 |
| 6. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:11.101 | + 0.861 |
| 7. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:11.324 | + 1.084 |
| 8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:11.863 | + 1.623 |
| 9. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:13.981 | + 3.741 |
| 10. | Кевин Магнусен | Хас | / | / |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:11.010 | ||||
| 11. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:11.800 | + 0.790 |
| 12. | Данил Квјат | Торо Росо | 1:11.921 | + 0.911 |
| 13. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:12.136 | + 1.126 |
| 14. | Алекс Албон | Торо Росо | 1:12.193 | + 1.183 |
| 15. | Роман Грожан | Хас | / | / |
| Q1 Најбрзо Време: Себастијан Ветел - 1:11.200 | ||||
| 16. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:12.197 | + 0.997 |
| 17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:12.230 | + 1.030 |
| 18. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:12.267 | + 1.066 |
| 19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:13.617 | + 2.417 |
| 20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:14.393 | + 3.193 |
| 107% време: 1:16.184 | ||||
| ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЖИЛ ВИЛНЕВ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:14.874 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.393 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:12.812 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.459 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:10.764 2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1:10.240 | ||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||





