На стартот, по гаснењето на црвените светла, Волвенд имаше не баш најдобра реакција, и се најде под притисок на Алис Пауел, кога се приближуваше кон првиот свиок. Следуваше контакт меѓу двата болиди, кој стјуардите на трката брзо го оценија како тркачки инцидент.
Подебелиот крај го извлече Британката, која беше лансирана во воздух, за потоа да ја заврши трката во чакалот покрај патеката. Овој инцидент го искористија Џејми Чадвик и Бајтске Висер да преминат напред на прво и второ место.
Следуваше краток период на безбедносно возило, по што трите болиди во водство, Џејми, Бајтске и Фабиен, беа распоредени многу блиску една зад друга, бегајќи му на остатокот од гридот.
На четвртото место, со заостанување од неколку секунди зад водечкото трио, беше Вики Пирија, но Мики Којама, кој вчера беше најбрза на вториот тренинг, вршеше голем притисок врз Италијанката.
Јапонката на изминатите трки се покажа како извонреден претекнувач, па, во 9-от круг успеа да најде начин за да стигне до 4-тото место.
Дека претекнувањето не беше лесна задача на оваа патека, покажа и дуелот за првото место, каде Холанѓанката применуваше огромен притисок врз Џејми Чадвик, и, иако неколку пати беа неверојатно блиски, таа никогаш не доби вистинска шанса за претекнување.
Како што се ближеше крајот на трката, Фабиен Волвенд не можеше да држи чекор со двата водечки болиди, па мораше да се задоволи со трето место. На четвртото место, по одличното возење, финишираше Јапонката, Мики Којама, пред Вики Пирија и Марта Гарсија, која успешно ги издржа нападите од Тасмин Пепер, која заврши на 7-то место.
Во последниот круг, откако долго се бранеше, Сара Мур, конечно го препушти 8-то место на Сејбр Кук, 24-годишната Американка, која имаше импресивен пробив од 15-тата стартна позиција. Поради тоа, Мур освои само два поени за пласман на 9-тото место. На резервистката од Унгарија, Вивиен Кеслеј, и припадна последниот поен за 10-тото место.
2019 Формула Ж - #WRace3 - Мисано 30 минути + 1 круг, Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | БРОЈ | ВРЕМЕ |
1. | Џејми Чадвик | 55 | 32:45.929 |
2. | Бајтске Висер | 95 | + 0.587 |
3. | Фабиен Волвенд | 5 | + 2.285 |
4. | Мики Којама | 85 | + 10.434 |
5. | Вики Пириа | 11 | + 14.200 |
6. | Марта Гарсија | 19 | + 16.118 |
7. | Тасмин Пепер | 31 | + 19.009 |
8. | Сејбр Кук | 37 | + 28.518 |
9. | Сара Мур | 26 | + 28.994 |
10. | Вивиен Кеслеј | 77 | + 29.460 |
11. | Есми Хоки | 2 | + 31.265 |
12. | Сара Бови | 58 | + 32.222 |
13. | Гоша Рдест | 3 | + 33.671 |
14. | Кејтлин Вуд | 20 | + 34.043 |
15. | Џесика Хокинс | 21 | + 36.002 |
16. | Шеј Холбрук | 67 | + 39.107 |
17. | Меган Гилкс | 49 | + 39.334 |
18. | Наоми Шиф | 99 | + 40.795 |
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Алис Пауел | 27 | не стартуваше |
2019 Џејми Чадвик - В.Британија @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 3/6*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Џејми Чадвик | 68 | |
2. | Бајтске Висер | 55 | |
3. | Марта Гарсија | 35 | |
4. | Алис Пауел | 33 | |
5. | Фабиен Волвенд | 29 | |
6. | Сара Мур | 22 | |
7. | Мики Којама | 22 | |
8. | Тасмин Пепер | 28 | |
9. | Вики Пириа | 12 | |
10. | Сејбр Кук | 4 | |
11. | Гоша Рдест | 2 | |
12. | Кејтлин Вуд | 1 | |
13. | Наоми Шиф | 1 | |
14. | Вивиен Кеслеј | 1 | |
15. | Џесика Хокинс | 0 | |
16. | Есми Хоки | 0 | |
17. | Шеј Холбрук | 0 | |
18. | Ема Кимилаинен | 0 | |
19. | Меган Гилкс | 0 | |
20. | Сара Бови | 0 |