Се до 48-от круг...
Германецот направи грешка и излета во 4-от свиок. При враќањето на патеката, неговиот болид го блокираше Хамилтон и го принуди да ги притисне кочниците. Контроверзната временска казна дадена на Ветел значеше дека иако тој прв ја премина целната линија, победата му пропадна на Хамилтон. Ако го преслушавте тимското радио на Германецот, веќе знаете како тој се чувствуваше околу тоа.
Повеќето аналитичари и поранешни Ф1 шампиони се согласуваат дека вчерашниот ден беше тажен за Формула 1 мотоспортот. Денес требаше да читаме стории за неверојатната битка на Ветел и Хамилтон. Ако се изземе казната, кој и да беше победник ќе ја имаше заслужено целосно и најверојатно трката ќе ја оценеше како една од најдобрите во неговата кариера.
Казните секако, никогаш не се изрекуваат дали била забавна битка, туку по стриктно почитување на правилата. Или пак не?!? Секако дека не, тоа го покажува праксата низ повеќе примери!!! Стјуардите мора да имаат сенс за случувањата во шампионатот и повеќето имаат, но тоа не беше случај при овој инцидент.
Победата беше сурово и неправедно одземена на еден возач. Треба само да ги погледнете Твитер и Инстаграм или да ги слушнете фановите по трката за да разберете колку беа разочарани фановите за исходот....
Официјалната причина за казната беше дека болидот со бр.5 се врати на патеката "на небезбеден начин". Сепак, по многу прегледувања на видеото од инцидентот, тешко е да се процени каде на друго место би можел да отиде или што друго можеше да стори.
Тој мораше да ја преземе контролата врз него како што се враќаше на асфалтот. Одлуката го разгневи Германецот и огромното мнозинство на фанови. Како што многумина репостираа еден твит на Вил Бакстон, кој потоа беше избришан, ако тоа е казна, сите ние можеме да си одиме дома и да престанеме да се тркаме.
Марио Андрети, најдоброто ја прикажа оваа ситуација: "Мислам дека функцијата на стјуардите е да ги казнат флагрантно небезбедните потези, а не ненамерни грешки како резултат на интензивно тркање. Тоа што се случи на Канадското ГП не е прифатливо за ова ниво на нашиот омилен спорт."
Себастијан Ветел има историја и беше критикуван за некои од неговите изливи не бес во минатото, но очигледно во оваа прилика тој беше целосно оправдан. Првично, изгледаше дека нема да се се појави на церемонијата на подиумот, тој го паркираше болидот на почетокот на пит-линијата, наместо да го одвезе до обележаното место за Топ 3 возачите, и влезе во мотодомот на Ферари.
Набргу беше убеден да се појави на подиумот, колку и да е бесен во тој момент. Во Ферари знаат дека тоа може да донесе огромна казна, како во примерот со Австриското Гран При, кога Михаел Шумахер му дозволи на Рубенс Баричело да застане на врвот на подиумот, по смената на позиции на 100 метри од целната линија, па затоа тимот имаше добри причини да го убеди да излезе од мотодомот.
Германецот и по излегувањето имаше театарска претстава, го замени знакот со број 1 пред болидот на Хамилтон со знакот број 2, тоа беше негов момент на олеснување по една трка која брзо ќе сака да ја заборави.
Ни крив ни должен, Луис Хамилтон беше ставен во непријатна позиција. Тој изгледаше среќен за победата, но никогаш не сме сигурни како луѓето очекуваат некој да се однесува во таква ситуација.
Некои сугерираа дека тој директно придонесе за казната, но, се до завршувањето на подиумот, тој го имаше видено/искусено инцидентот само еднаш, при тркачка брзина од границите на неговиот кок-пит.
Генерално гледано, донекаде и самите возачи допринесуваат за ова. Едноставно како да се на балет, а не на тркање. По најмал контакт, додуша не мора ни да се допират, за веднаш да почнат да плачат по тимските радија, како некои првачиња.
Но тоа се премногуте правила кога се во прашање самото тркање, можело да се смени само еднаш правец, требало да се остави место, тинтири-минтири...
Оставете ги да се тркаат веќе еднаш и по цена на поголем судир, Ф1 не треба да е за мамини синчиња, туку за мажи со големи М....А!!!
Затоа после се чудиме зошто опаѓа гледаноста на Формула 1, зошто се уште не може да се заборават великаните како Џејм Хант, Ники Лауда, Фанџо...
Како паралела ќе ја земеме Формула Е, поминаа 4 сезони без некој поголем одек во јавноста, 5-тата не е завршена, но бројот на фанови драстично се зголеми на глобално ниво, причина е многу порелаксирани правила при претекнување, обид за претекнување итн...
Речиси на секја трка има безброј контакти помеѓу болидите, возачите не се плашат дека ќе бидат казнети за по некој скршен дел од каросерија... Ако упропастиш трка некому, секако под услов тоа да е без намера (да не се разбереме погрешно - не оправдуваме намерно удирање во некого, бидејќи тоа е веќе сосема друга и подла работа која заслужува најстрога казна!!!), никому ништо...
Тоа ги прави возачите поцврсти и ги охрабрува да преземаат поризични маневри за претекнување... Со тоа доаѓа и славата на спортот...
Помеѓу возачите, треба да постои меѓусебен респект, Ветел и Хамилтон покажаа дека во последно време меѓусебно се почитуваат. Германецот брзо го одбрани човекот кој ја наследи неговата победа од негодувањата на публиката.
"Фановите не треба да му свиркаат на Луис, бидејќи мислам дека виде што се случуваше и јас не мислам дека и тој беше моќен да направи нешто поразлично во тој момент. Имав проблеми да го контролирам болидот. Мислам, ако ништо друго, публиката треба да ги исвиркува овие смешни одлуки."
На крај оваа одлука можеби стави точка на 2019 Шампионатот. Петта победа од седумте трки за Хамилтон ја носи сезоната пред свршен чин.
Победата на Ферари можеби немаше да промени многу во таа насока, но, малку ќе го променеше наративот и ќе ни дадеше причина да се надеваме на подобра сезона.
Настаните од неделата вечерта беа толку дефлектирачки што токму сега е тешко да се добие мотивација за долгата Европска турнеја низ јуни и јули месец.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРКАТA