Патеката е интересена мешавина на долги, брзи правци и бавни свиоци. Високите крајни брзини на правците и стоп/старт карактерот на истата придонесува таа да биде класифицирана како една од најтешки за сопирачките на болидите. Честите точки за сопирање доведуваат до високи температури на дисковите и плочките, а ефектот е дополнет со фактот дека правците, особено во првата половина на кругот, не дозволуваат доволно време за нивно ладење.
Фактот што ова е полу-постојана патека, која не се користи интензивно во текот на годината, за што побрзи времиња по круг ќе биде потребно време таа да се гумира, што ќе го подобри грипот на болидите. Како резултат на тоа, од Италијанскиот производител и официјален снабдувач на Формула 1 со пневматици, традиционално се номинираат најмеките смеши во нивниот опсег.
Оваа година не е исклучок, па на Ф1 тимовите им се понудени C3(бели), C4(жолти) и C5(црвени) смешите. Во Монтреал, особено се оптоварени задните гуми и многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу притиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последниот свиок каде се наоѓа добро познатиот "ѕид на шампионите".
Заедно со Сингапур и Монако, Канада има многу висока веројатност за безбедносното возило. Ова е една од причините зошто флексибилна стратегија често дава добри резултати. БВ може да го промени текот на трката во целост, но за разлика од трката во Монако, оваа патека има многу повеќе можности за престигнување. Праксата од минатата година со три ДРС зони продолжува и за оваа сезона.
Приближувајќи се до една третина од 2019 календарот, со трката во Монте Карло, конечно беше прекината последователната серија на двојни победи на Сребрените стрели, иако тимот на Мерцедес АМГ уште повеќе ја зголемија својата предност во однос на Ферари и Ред Бул.
Тие сега го предводат Шампионот на конструкторите со 257 поени, 139 предност во однос на Ферари. Во шампионатот на возачи, двете последователни победи на Луис Хамилтон му помогнаа да се оддели на 17 поени од својот тимски колега, Валтери Ботас, на второто место.
Во Монтреал, каде поважна е моќноста на ПЕ во однос на аеродинамичноста на болидите, па овој викенд може да сме сведоци на поголема борба од страна на Ферари, но, од друга страна, нема многу факти кои би се спротивставиле дека Луис Хамилтон може да стигне до рекордна седма победа на Канадското ГП.
Се надеваме дека Себастијан Ветел, Чарлс Леклерк, а пред се Валтери Ботас нема да се согласат со оваа статистика и ќе допринесат за возбудлива неделна трка.
Трката е закажана за Недела, 20:10 MK, Квалификациите, Сабота во 20:00 МК, а петочните тренинг сесии кои исто така се одржуваат во попладневните часови по Македонско време ќе ни доловат дали нешто е променето во односот на силите.
| ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
| СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
| ТРЕНИНГ 1 | 10:00-11:30 MK | Претежно Сончево, 18/24°C | |
| ТРЕНИНГ 2 | 14:00-15:30 MK | Делумно Сончево, 22/27°C | |
| ТРЕНИНГ 3 | 11:00-12:00 MK | Сончево, 18/24°C | |
| КВАЛИФИКАЦИИ | 14:00-15:00 MK | Претежно Сончево, 21/26°C | |
| 0% шанси за дожд | |||
| ТРКА | 14:10 MK | Сончево, 27/32°C | |
| 0% шанси за дожд | |||
| Извор: Accuweather | |||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||










