Германците имаат шампионски тим во Мерцедес АМГ, возачи како Себастијан Ветел и Нико Хулкенберг, Италијанците го имаат Ферари, но во Хокенхајм и Монца има слободни места во последниве години, но не и во Канада.
Организаторите на Големата Награда на Канада веќе неколку години по ред потврдуваат дека сите билети се продадени. Промоторот на Формула 1 викендот, Франсоа Думонте, не ги крие тајните: паметни цени, многу локални фанови (до 70%) и фокус на забавата за целото семејство.
Во деновите на тркачкиот викенд во Монтреал, фестивалска атмосфера се чувствува насекаде, некои улици се блокирани за да можат луѓето да се забавуваат, тие си заминуваат среќни и се враќаат повторно.
Франсоа Думонте: "Ние посветуваме големо внимание на привлекување на луѓе од сите возрасти, посебно деца и младинци, бидејќи тие се идните Формула 1 фанови. Има многу фанови на Ленс Строл меѓу нив."
"Се разбира, сега фановите не се толку луди како во деновите на Жил и Жак Вилнев, но важно е да имаме наш возач во Формула 1, покрај тоа, тој е роден во Монтреал. Многумина поранешни фанови се вратија на трибините кога Ленс дебитираше во 2017 година, но тој со себе донесе многу млада публика."
БИЛЕТИТЕ ЗА КАНАДСКОТО ГРАН ПРИ РАСПРОДАДЕНИ
6/05/2019 09:13:00 PM
0
Share to other apps



