Возачот на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон, ја освои Пол позицијата на патеката Пол Рикард во многу топли услови, поставувајќи ново рекордно време, 1,7 секунди побрзо од минатата година.
Заедно со седум други возачи во топ 10, Хамилтон го постави своето најбрзо време во Q2 сесијата на жолтата медиум смеша, што значи дека тоа се гумите на кои првите осум ќе ја започнат утрешната трка.
Наградатата на Пирели за Пол позиција на Британецот, трета оваа сезона, му ја додели Жан Алези, еден од најпопуларните Формула 1 возачи, кој го имаше своето деби во овој спорт на Пол Рикард пред точно 30 години.
Најбрзата стратегија за Големата Награда на Франција, која се состои од 53 круга е едно застанување во бокс. Оптималната стратегија е старт на жолтите гуми со стинт од 22 до 27 круга, а потоа следува завршен стинт на белите гуми.
Ако се стартува на црвените гуми, едно застанување во бокс е на самиот лимит на остварливото, старт на меката смеша со стинт од 14 до 16 круга, а потоа тврда смеша до крај.
При оваа варијанта, старт на црвените гуми, некој би можел да се обиде со две застанувања во бокс, но тоа е многу побавно, па најдобро би било да се избегнува, освен ако не сте приморани да ја примените. Се ова поради новиот влез за боксевите, кој се применува оваа сезона.
При две застанувања во бокс, почетниот стинт на црвените гуми треба да трае 5-8 круга, потоа стинт на медиумот за 22 до 27 круга, и повторно стинт на медиум до крај.
Клучот за оваа стратегијата ќе биде менаџирањето со деградацијата на меките гуми и (во помала мера) медиум гумите, во топлите временски услови во Франција, па затоа првата стратегија е јасно подобра и затоа толку многу возачи се одлучија за жолтите гуми во Q2.
Единствени кои ќе стартуваат со црвени гуми од Топ 10 пласманот беа Антонио Џовинаци,Алфа Ромео и Пјер Гаси, Ред Бул.
Тие се надеваат на што поголема еволуција на патеката, која што се подобрува од час во час, тренд кој најверојатно ќе продолжи и утре.
Мекларен со двата болиди со плсаман во првите шест, тоа е ветувачки почеток за тимот.
Даниел Квјат, возачот на Торо Росо е принуден да стартува од последната позиција, така да може да користи алтернативна стратегија за да му помогне да напредува низ поредокот.
Марио Изола, Пирели: "Ова беше една од најзначајните квалификациски сесии на годината во однос на темпото, со пол позиција 1.7 секунди побрзо од минатата година на еквивалентната смеша, со температури на асфалтот кои надминуваат 50 степени целзиусови. Видовме дека патеката продолжува да се развива доста брзо, и како резултат на тоа имаше помалку пролизгување во споредба со претходните денови. Кога сме кај најдобрата стратегија за утрешната трка, јасно е дека се фаворизира старт на медиум смешата. Повеќето од топ 10 се одлучија да ги одберат жолтите гуми за најбрзото време во Q2. Ова би можело да доведе до една интересна ситуација на стартот на трката, со неколку болиди на побрзите црвени, меки гуми, започнувајќи зад првите осум на медиум смешата."
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ФРАНЦУСКОТО ГРАН ПРИ
6/22/2019 11:52:00 PM
0
Share to other apps