Возачот на Ферари, Себастијан Ветел, забележа Пол позицијата и нов рекорд на патеката Жил Вилнев, која ќе биде домаќин на 50-тото Канадско Гран При, спонзорирано од Пирели.
Најбрзиот круг на Германецот беше поставен на црвените гуми, додека најбрзиот круг во Q2, забележан од Луис Хамилтон, беше поставен на жолтите гуми и веќе беше близу до времето за првата позиција од 2018 година.
Возачите на Ферари и Мерцедес АМГ ќе ја стартуваат денешната трка на жолтите гуми на Пирели, кои беа искористени за поставување на нивните најбрзи времиња во Q2 сесијата.
Наградата на Пирели за Пол позицијата на Себастијан Ветел му беше доделена од Американската актерка и креатор на содржината, Лиза Коши, чии дела имаа повеќе од три милијарди прегледи на YouTube и Instagram.
Најбрзата стратегија за Големата Награда на Канада, која се состои од 70 круга ќе биде едно застанување во бокс, но постојат различни варијанти на кои тоа може да се изведе.
Теоретски, најбрзиот начин е да се стартува на жолтите гуми, за потоа да се премине на белите по 35-40 комплетирани круга. Четворица од најбрзите 10 возачи ќе може да ја искористат оваа варијанта.
Алтернативната стратегија, која е малку побавна, е да се започне на црвените гуми и потоа да се премине на белите по комплетирани 5-8 круга. Очигледно, тоа е многу рано време за пит-стоп.
За време на трката се очекува топло време, кое може да биде неколку степени потопло од саботата, па клучот за стратегијата би можел да биде во нивото на деградација на помеките смеши.
Ова може да ги принуди возачите да ги намалат планираните стинтови на помеките смеши, што би значело две застанувања во бокс. Сепак, од Пирели потенцираат дека тоа на хартија е дефинитивно најбавната варијанта.
Оптималната стратегија со две застанувања во бокс би била старт на црвените гуми, потоа премин на жолтите по само пет круга, и за крајниот стинт повторно жолти гуми.
Марио Изола, Пирели: "Квалификациите не беа баш најлесни за возачите, со прекин на крајот на втората сесија, кој влијаеше на финалниот редослед. Оваа сесија беше стратешки важна бидејќи пет возачи се обидоа да поминат во Q3 со време на жолтите гуми, со тоа што само Ферари и Мерцедес АМГ успеаа во своите намери. Повторно се очекува топло време за трката, така што менаџирањето со термичка деградација на црвените и жолтите гуми ќе биде од особена важност кога станува збор за тркачката стратегија. Честитки за Себастијан Ветел и Ферари за нивниот рекорден круг, но, и за Даниел Рикиардо, кој го забележа 4-тото најбрзо време со болидот на Рено, на патеката каде што пред 5 години ја забележа својата прва Ф1 Победа."
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КАНАДСКОТО ГРАН ПРИ
6/09/2019 01:22:00 PM
0
Share to other apps