Неконкурентноста на Мерцедес АМГ, природно или вештачки предизвикана, покажа колку е лоша тоталната доминација на еден тим за Формула 1 Шампионатот.
Честитки за Чарлс Леклер, кој добро се бореше, но својата деби Ф1 Победа ќе ја чека во друга прилика. Валтери Ботас со пламан на последното скалило на подиумот.
Холанѓанецот успеа да се "врати во живот" по слабиот старт, кој подоцна се покажа како клуч за неговата брилијантна Победа, која е прва за Хонда во Формула 1 по пауза од 13 години.
Макс Верстапен, официјалната потврда за 6-тата негова Ф1 Победа мораше да ја чека три часа по завршување на трката, откако стјуардите поведоа истрага за неговото претекнување на Чарлс Леклерк, кое му го донесе првото место.
Моначанецот, кој ја имаше Пол позицијата водеше од стартот на трката, но, на 3 круга до крајот, не можеше да се спротистави на многу побрзото темпо на РБ15, кој беше опремен со 12-круга понови бели гуми.
Чарлс Леклер успеа да се одбрани во 68-от круг, но веќе во следниот круг, на истото место на патеката беше немоќен. Овој пат имаше и контакт, по што Леклер беше принуден да излезе надвор од патеката.
Тоа го забави возачот на Ферари, па потоа беше немоќен да го предизвика Верстапен за првото место.
Првата Победа за Хонда, од 2006 Унгарското ГП, по стартот на трката изгледаше недостижна кога Ред Булот на Макс Верстапен, имаше екстремно бавен почеток и веднаш беше претекнат од повеќето ривали од предниот дел на стартниот поредок.
Леклер беше одличен и по првиот свиок изби во водство пред болидите на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Добар старт имаше Кими Раиконен, кој сега беше 4-то, пред Мекларенот од Ландо Норис и вториот Ферари на Себастијан Ветел.
Верстапен беше 7-ми, по стартот од втората позиција и изгледаше дека е надвор од конкуренција. Сепак, и Верстапен и Ветел го поминаа Норис со релативна леснотија и по само неколку круга истото го направија и со Кими Раиконен.
По десетина круга, Леклер имаше стабилна предност од три секунди пред Ботас, со Хамилтон поназад за уште 2.5 секунди на третото место. Ветел сега беше четврти, 4,5 секунди зад Хамилтон, додека Верстапен беше на слично растојание зад Ветел.
Пред првите посети на своите механичари, Чарлс Леклер имаше изградено речиси пет секунди предност над Ботас, кој прв се одлучи за промена на своите жолти гуми. Финецот имаше чист пит-стоп во 21-от круг, кој веднаш беше проследен од Себастијан Ветел, кој пак имаше катастрофален пит-стоп.
Механичарите на Ферари не беа подготвени за промена на неговите гуми, па Германецот беше принуден да седи дополнителни шест секунди плус во својот бокс. Следен во бокс беше Чарлс Леклер, вече во следниот круг и кога се врати на патеката беше трет зад новиот лидер Хамилтон и Верстапен.
Денес, за чудо само гумите на болидот на Холанѓанецот работеа како препородени. Жолтите гуми и кај Хамилтон започнаа да имаат изразена деградација, па Верстапен успеа да се доближи до Британецот, кој обидувајќи се да го извади максумумот од своите гуми, се префорсира и по едно излетување над рабниците го оштети своето предно крило. Тој мораше во бокс по нови гуми, но и ново предно крило на крајот на 30-от круг.
Хамилтон остана во бокс цели 11 секунди, а Ред Бул одговори со внесување во бокс на Верстапен веќе во следниот 31-ви круг. Тој на патеката излезе четири секунди пред Хамилтон, на четвртото место.
И тогаш, новиот сет на бели гуми се покажа како магичен за него, трката почна да оди во негова корист. Тој релативно брзо ја анулираше предноста од околу 10-тина секунди до третопласираниот Ветел и по неколку неуспешни обиди во 50-от круг, успеа да го претекне Германецот на влез во 4-от свиок.
Макс Верстапен имаше уште полесна работа со Валтери Ботас, кој беше на 2.5 секунди пред Ветел и го реши при својот прв обид во 56-от круг за второто место.
Со 10 круга до крајот лидерот во трката, Чарлс Леклер имаше 3.8 секунди предност во однос на својот врсник во болидот на Ред Бул, која за пет круга беше анулирана.
Следуваше драматична битка за првото место, која заврши во корист на Холанѓанецот, засенета со тековна истрага на стјуардите.
Себастијан Ветел, исто така, беше во акција во завршните моменти на трката, кога го претекна Луис Хамилтон за четврто место, по старт од 9-тата позиција и малку му фалеше да го престигне и Валтери Ботас за пласман на подиумот.
Луис Хамилтон остана на петтото место пред извонредниот дебитант во болидот на Мекларен, Ландо Норис и Пјер Гасли на 7-то место. Осмото место го озвои Карлос Саинц Јр. по старт од последната позиција, пред возачите на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРКАТА
2019 АВСТРИСКО ГРАН ПРИ - РЕД БУЛ РИНГ 71 круга,; 306.452км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч22:01.822 |
2. | Чарлс Леклерк | Ферари | + 2.724 |
3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 18.960 |
4. | Себастијан Ветел | Ферари | + 19.610 |
5. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 22.805 |
6. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
7. | Пјер Гасли | Ред Бул | + 1 круг |
8. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 1 круг |
9. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
11. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
12. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1 круг |
13. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
14. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
15. | Алекс Албон | Торо Росо | + 1 круг |
16. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
17. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 1 круг |
18. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 кругa |
19. | Кевин Магнусен | Хас | + 2 кругa |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 3 кругa |
НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ВЕРСТАПЕН - 1:07.475 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: 0 | |||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 9/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 197 | |
2. | Валтери Ботас | 166 | |
3. | Макс Верстапен | 126 | |
4. | Себастијан Ветел | 123 | |
5. | Чарлс Леклерк | 105 | |
6. | Пјер Гасли | 43 | |
7. | Карлос Саинц ЈР. | 30 | |
8. | Ландо Норис | 22 | |
9. | Кими Раиконен | 21 | |
10. | Даниел Рикиардо | 16 | |
11. | Нико Хулкенберг | 16 | |
12. | Кевин Магнусен | 14 | |
13. | Серџо Перез | 13 | |
14. | Данил Квјат | 10 | |
15. | Алекс Албон | 7 | |
16. | Ленс Строл | 6 | |
17. | Роман Грожан | 2 | |
18. | Антонио Џовинаци | 1 | |
19. | Џорџ Расел | 0 | |
20. | Роберт Кубица | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 363 | |
2. | Ферари | 228 | |
3. | Ред Бул | 169 | |
4. | Мекларен | 52 | |
5. | Рено | 32 | |
6. | Алфа Ромео | 22 | |
7. | Рејсинг Поинт | 19 | |
8. | Торо Росо | 17 | |
9. | Хас | 16 | |
10. | Вилијамс | 0 |