Вау, каква Трка во Австрија! Не знаеме дали сме повеќе среќни од трилерот што го понуди Австриското Гран При, или што истрагата на стјуардите не го поништи исходот од она што се случи на патеката меѓу Макс Верстапен и Чарлс Леклерк.
По "заспивачката" акција на Пол Рикард и контроверзноста на Монтреал, на Формула 1 и беше потребен викенд кој ќе ги потсети сите колку е добар овој спорт.
Со болидите на Мерцедес АМГ, попречени од проблемите со ладење, кои ги оневозможија т.н. "party modes", се отвори вратата за Ферари и Ред Бул да се борат за Победа. А тоа беше потребно за враќање на насмевките на многубројните Ф1 фанови, меѓу кои сме и ние!
Иронично, фокусот на Ферари кон покривање на "ранетиот" Мерцедес АМГ, му овозможи на Верстапен, долг прв стинт на жолтите гуми, а со тоа анулирање на неговиот ужасен старт.
Промената на бели гуми, значеше негово чудесно враќање во борба за Победа, поткрепено со дозволата да ја вклучи неговата Хонда ПЕ на максимална моќност 11, и сосема брилијантно возење.
Начинот на кој се случи контактот со Леклер беше само "машко" тркање, Макс јасно го освоил свиокот. Не ни беше сеедно и за Чарлс Леклер, кој апсолутно докажа дека е способен да победи на ова ниво.
Моначанецот не треба да има ваква деби Ф1 Победа, добиена на зелената маса, на која ќе треба да се сеќава во текот на целиот свој живот, и ќе остави белег на неговата кариера. Така да, вчера имавме одличен ден за Формула 1 како целина.
2019 АВСТРИСКО ГП - ДЕН ПО ТРКАТА
7/01/2019 07:24:00 PM
0
Share to other apps