Се надеваме дека не очекува возбудлива битка на стартот помеѓу двата возачи на Мерцедес АМГ и Леклер на помеките, црвени гуми на болидот на Ферари.
Зад нив се пласираше победникот од минатата трка во Австрија, Макс Верстапен, кој цел викенд имаше проблеми со балансот на својот болид, но извозе добар круг кога беше најважно.
РБ15 делува дека има конкурентно темпо за трка, па никој не би посакувал да го види Холанѓанецот во својот ретровизор.
Пјер Гасли беше петти најбрз по добрите резултати на тренинг сесиите, но кога треба повторно беше 0.314 делови од секундата побавен од својот тимски колега.
Себастијан Ветел го имаше шестото најбрзо време, со големи 6 десетинки заостанување зад времето за Пол позицијата. Не знаеме што се случува со Германецот, но од домашното гран при минатата година не е истиот возач што беше, а неговата форма е на многу ниски гранки.
Во оваа, 2019 Ф1 сезона, влезе како фаворит за титулата, но никако да забележи победа или барем да беше блиску до неа, а сега втори по ред разочарувачки квалификации, додека неговиот тимски колега, ја води борбата со Мерцедес АМГ и Ред Бул.
При финалните брзи кругови, подобрувањата беа малку, а Даниел Рикиардо беше еден од нив, кога успеа да дојде до седмата стартна позиција, победувајќи го Ландо Норис за 0.042 делови од секундата.
Алекс Албон со забележителен настап и пласман во најбрзите 10 возачи, каде го имаше деветтото најбрзо време, пред вториот Рено на Нико Хулкенберг.
Возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул ќе ја започнат утрешната трка на жолтите гуми на Пирели, додека останатите возачи од Топ 10 ќе ги користат црвените гуми.
Трката за Британското ГП започнува од 15:10 часот по македонско време, со директен пренос на ТВ 24Вести.
2019 БРИТАНСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:25.093 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.099 | + 0.006 |
3. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:25.172 | + 0.079 |
4. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:25.276 | + 0.183 |
5. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:25.590 | + 0.497 |
6. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:25.787 | + 0.694 |
7. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:26.182 | + 1.089 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:26.224 | + 1.131 |
9. | Алекс Албон | Торо Росо | 1:26.345 | + 1.252 |
10. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:26.386 | + 1.293 |
Q2 Најбрзо Време: Чарлс Леклер - 1:25.546 | ||||
11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:26.519 | + 0.973 |
12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:26.546 | + 1.000 |
13. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:26.578 | + 1.032 |
14. | Роман Грожан | Хас | 1:26.757 | + 1.211 |
15. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:26.928 | + 1.382 |
Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:25.515 | ||||
16. | Кевин Магнусен | Хас | 1:26.662 | + 1.149 |
17. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:26.721 | + 1.208 |
18. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:26.762 | + 1.249 |
19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:27.789 | + 2.276 |
20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:28.257 | + 2.744 |
107% време: 1:31.499 | ||||
ВИДЕО РЕЗИМЕ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.766 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.248 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.287 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.600 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.892 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:25.093 |
||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |