Макс Верстапен се квалификуваше на четвртото стартно место за Големата Награда на Британија, која се вози на патеката Силверстоун, заостанувајќи зад најбрзото време нешто помалку од две десетинки, и верува дека можел да постигне повеќе...
"Јас сум задоволен. Пред да се квалификувам, не бев задоволен од балансот на болидот, цел викенд се обидуваме да ги најдеме соодветните подесувања, бидејќи на оваа патека, ако балансот не е оптимален, ќе изгубите доста време во брзите агли."
"Пред квалификациите, ние уште еднаш ги прилагодивме подесувањата, и тоа беше полн погодок, болидот се однесуваше одлично."
"За жал, турбото не работеше на потребното ниво, секогаш се вклучуваше со задоцнување, така што во бавните свиоци, моторот не реагираше како што сакав."
"За многу малку ја изгубив Пол позицијата, а проблемите со турбото ме чинеа од 0.15-0.2 десетинки, па без овој проблем денес комотно можев да се борам за првата стартна позиција."
МАКС ВЕРСТАПЕН: ПРОБЛЕМИТЕ СО ТУРБОТО МЕ ЧИНЕА ПОЛ ПОЗИЦИЈА
7/13/2019 05:49:00 PM
0
Share to other apps