Луис Хамилтон ќе има полни раце работа доколку со Макс Верстапен на првиот стартен ред, комбинација која досега ја немавме видео, но се тоа важи доколку Холанѓанецот успее да изведе добар старт, што не му оди баш од рака сезонава. Поназад, Леклер ќе мора да напредува од десеттата, додека Ветел ќе има уште потешка работа, со старт од последната позиција.
Германецот беше елиминиран во Q1 сесијата, без да забележи време, благодарение на проблемот со протокот на воздух до неговото турбо, додека Леклер, кој важеше за фаворит за Пол позицијата, во Q3 сесијата не можеше да забележи време поради проблеми со дотокот на гориво.
Пјер Гасли со вториот болид на Ред Бул беше четврт, со четири десетинки побавно време од својот тимски колега. Со двата болиди на Ферари во аут, својата шанса ја искористи Кими Раиконен, кој го забележа петтото најбрзо време со неверојатна предност од 0.316 делови од секундата од пренатрупаниот среден ред.
Финецот ќе стартува пред Роман Грожан, Карлос Саинц Јр., Серџо Перез и Нико Хулкенберг. Добар пласман за тимот на Хас, со влез во Q3 сесијата за прв пат од Шпанија. Французинот ќе настојува да забележи добар резултат на утрешната трка, но неговиот тим традиционално е посилен во квалификации отколку во трка, па тоа нема да биде лесна задача.
Двата возачи на Мерцедес АМГ и Чарлс Леклер ќе ја започнат трката на жолтите гуми на Пирели, додека сите останати од Топ 10 пласманот ќе мора да ги користат црвените гуми. Сепак, најавениот дожд за утре се ова може да го стави во заден план и доплнително ги замеша работите.
Големата Награда на Германија, која се вози на патеката Хокенхајм, е закажана за 15:10 часот по македонско време со дирентен пренос на ТВ 24Вести.
2019 ГЕРМАНСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:11.767 | |
2. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:12.115 | + 0.346 |
3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:12.222 | + 0.362 |
4. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:11.822 | + 0.755 |
5. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:12.200 | + 0.771 |
6. | Роман Грожан | Хас | 1:12.544 | + 1.084 |
7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:12.560 | + 1.130 |
8. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:12.692 | + 1.298 |
9. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:12.717 | + 1.359 |
10. | Чарлс Леклерк | Ферари | / | / |
Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:12.149 | ||||
11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:12.786 | + 0.637 |
12. | Кевин Магнусен | Хас | 1:12.789 | + 0.640 |
13. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:12.799 | + 0.650 |
14. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:13.135 | + 0.986 |
15. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:13.450 | + 1.301 |
Q1 Најбрзо Време: Чарлс Леклер - 1:12.229 | ||||
16. | Ландо Норис | Мекларен | 1:13.333 | + 1.104 |
17. | Алекс Албон | Торо Росо | 1:13.461 | + 1.232 |
18. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:14.721 | + 2.492 |
19. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:14.839 | + 2.610 |
20. | Себастијан Ветел | Ферари | / | / |
107% време: 1:17.285 | ||||
ВИДЕО РЕЗИМЕ @MkFormula1 - Republic of Macedonia |