Дождот се замеша во тактиката на тимовите пред почетокот на трката, но подоцна и за време на истата, па логичен исход беа бројните инциденти. Луис Хамилтон, кој стартуваше од Пол позицијата, имаше две извртувања на својот пат до евентуалното 11-то место, а неговиот тимски колега Валтери Ботас имаше едно излетување кое го чинеше многу.
Себастијан Ветел со Ферари напредуваше од последната позиција на стартот за да заврши на второто место, но тоа беше ден со помешани емоции за Италијанскиот тим, откако Чарлс Леклер ја заврши трката во бариерите покрај последниот свиок.
Даниел Квјат беше трет, благодарение на добрите тактички потези на инженерите на Торо Росо.
Ова беше прв тест за новите постапки за стартување на трката во влажни услови, при што безбедносното возило го предводеше поредокот неколку формациски круга.
Кога веќе изгубивме надеж дека ќе гледаме типичен старт за Формула 1, стјуардите ја донесоа една од нивните најдобри одлуки во последно време, па бевме сведоци на регуларен старт на трката која подолго време ќе остане во наше сеќавање.
Видео резиме од истата можете да погледнете на видеото под табелите за генералниот пласман кај возачите и тимовите.
Трката имаше неславен расплет за Кими Раиконен и Антонио Џовинаци кои имаа пласман на седмото и осмото место, забележувајќи го нивниот најдобар резултат во сезоната.
Меѓутоа, веднаш по трката, стјуардите го повикаа претставникот на тимот за да разговараат за наводна повреда на член 27.1, поврзана со примена на вртежниот момент при отпуштање на кумплунгот за време на стартот на трката.
Со детално прегледување на телеметријата од нивните болиди, било утврдено дека пренесувањето на силата на вртежниот момент при испуштање на кумплунгот не е во рамките на дозволениот максимален период од 70 милисекунди.
Кај двата болиди на Алфа Ромео овој период е измерен на околу 300 милисекунди. Стјуардите ова го оценија како неправилен старт со потенцијална предност и затоа решија да им дадат на двата возачи по 10-секунди пит-стоп казна, што е еднакво на 30 секунди додадени на секој од нив по трката.
Тоа значи дека Роман Грожан се искачи на седмото, Кевин Магнусен на осмото место. Лидерот во шампионат, Луис Хамилтон освои два поени со деветтото, додека Роберт Кубица го забела својот прв поен по враќањето во Формула 1.
2019 ГЕРМАНСКО ГРАН ПРИ - ХОКЕНХАЈМ 67 круга, 306.458км., Време: Облачно/Дожд |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1ч41:31.275 |
2. | Себастијан Ветел | Ферари | + 7.333 |
3. | Даниел Квјат | Торо Росо | + 8.305 |
4. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 8.967 |
5. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 9.583 |
6. | Алекс Албон | Торо Росо | + 10.052 |
7. | Роман Грожан | Хас | + 16.838 |
8. | Кевин Магнусен | Хас | + 18.765 |
9. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 19.667 |
10. | Роберт Кубица | ВилијамсХас | + 24.987 |
11. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 26.404 |
12. | Кими Раиконен* | Алфа Ромео | + 42.214 |
13. | Антонио Џовинаци* | Алфа Ромео | + 43.849 |
14. | Пјер Гасли | Ред Бул | судир |
НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ВЕРСТАПЕН - 1:16.645 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
15. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | излетување |
16. | Нико Хулкенберг | Рено | излетување |
17. | Чарлс Леклерк | Ферари | излетување |
18. | Ландо Норис | Мекларен | дефект |
19. | Даниел Рикиардо | Рено | дефект |
20. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | излетување |
* казна +30 секунди за неправилен старт
2014 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч33:42.9142016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:44.200 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:44.200 2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1ч44:31.275 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 11/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 225 | |
2. | Валтери Ботас | 184 | |
3. | Макс Верстапен | 162 | |
4. | Себастијан Ветел | 141 | |
5. | Чарлс Леклерк | 120 | |
6. | Пјер Гасли | 55 | |
7. | Карлос Саинц ЈР. | 48 | |
8. | Даниел Квјат | 27 | |
9. | Кими Раиконен | 25 | |
10. | Ландо Норис | 22 | |
11. | Даниел Рикиардо | 22 | |
12. | Ленс Строл | 18 | |
13. | Кевин Магнусен | 18 | |
14. | Нико Хулкенберг | 17 | |
15. | Алекс Албон | 15 | |
16. | Серџо Перез | 13 | |
17. | Роман Грожан | 8 | |
18. | Антонио Џовинаци | 1 | |
19. | Роберт Кубица | 1 | |
20. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 409 | |
2. | Ферари | 261 | |
3. | Ред Бул | 217 | |
4. | Мекларен | 70 | |
5. | Торо Росо | 42 | |
6. | Рено | 39 | |
7. | Рејсинг Поинт | 31 | |
8. | Хас | 26 | |
9. | Алфа Ромео | 26 | |
10. | Вилијамс | 1 |